„АДИНГ“ учествува во градбата на меѓународниот аеродром во Кабаале во Уганда.

Компанијата  „АДИНГ“ ад Скопје е водечка компанија во Југоисточна Европа за производство и пласман на хемиски материјали за градежништвото. Таа годинава слави и 51 година од своето постоење. Компанијата е една од првите сертифицирани компании со ISO 9001:2000 во Македонија и менаџментот на компанијата има преземено професионална обврска за постојано подобрување на квалитетот на производите и услугите, грижата кон клиентите и вработените.

 

„АДИНГ“ учествува во градбата на меѓународниот аеродром во Кабаале во Уганда

Производствената програма на друштвото ја сочинуваат повеќе од 100 производи кои нудат решенија за најспецифични проблеми со кои се соочува модерното градежништво. Речиси 60 отсот од производството на компанијата денес се пласира на 13  пазари од регионот на Југоисточна Европа, Блискиот Исток и Азија. Во моментот компанијата е присутна на афричкиот континент поточно аеродромот Кабаале.

-Афричкиот континент е дестинација на која многупати патувале наши производи и наши тимови, а во моментот сме во Република Уганда.Таму учествуваме во изградбата на меѓународниот аеродром Кабаале, во градот Хоима.

Повеќегодишното искуство при изведба на бетонски коловози и аеродромски писти, стекнато најмногу во Казахстан, но и во некои од останатите републики на поранешниот СССР, го пренесуваме и на афричкиот континент. Усовршените и прилагодени рецептури на дел од нашите производи, како и знаењето и технологијата вградени во овие бетонски објекти веќе го минуваат тестот на времето и претставуваат вредна референца за нашето работење, – соопштуваат од компанијата.

Во изведбата на објектот, АДИНГ учествува со свои производи, но и со непосредна инструктажа и експертиза од нашите инженери. На аеродромот работат во соработка со главниот изведувач на израелската компанија „SBC (Uganda) LTD“.

Аеродромот Кабаале, во близина на градот Хоима е проект од стратешко значење за западниот регион на Република Уганда и нејзината нафтена индустрија. Неговата изведба отпочна во 2018 година и треба да биде завршена во 2023 година.

Целата групација АДИНГ, со своите ќерки фирми во Македонија, Србија, Бугарија, Казахстан, денес брои околу 150 вработени.

Општествено одгобворна компанија

Во овие тешки моменти компанијата го негува општествено одговорниот однос и кон вработените и кон заедницата.

Адинг“ донира производи на „Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност“. Донацијата се состои од лепила, хидроизолации и смеси за фугирање, потребни за санација и обнова на подните површини на 11 апартмани во Охрид, кои се на располагање на овој сојуз.

А донираше материјали за изведба за поставување на хидроизолациона заштита на објектот „Мобилна болница „Рол2“.

Поради новонастанатата состојба Адинг времено го негува слоганот: „растојанието е клучна состојка за нашето здравје“.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.