„Астако“, роботски багер „со две раце“ – револуција во градежништвото, гордост на Јапонците. Таканаречениот „багер со две раце“ е оригинален изум на јапонската компанија „Hitachi“.  Роботот- багер се одликува со голема прецизност, ефикасност и брзина на работа. Невообичаен концепт, атрактивен изглед и за тешка машина, неверојатна прецизност на движење. Карактеристики, кои предизвикаа медиумско внимание и јавен интерес во Јапонија што ги надминува тркачките автомобили и авионите.

Фантазијата проткаена во реалност

Машината не само што може да изврши двојно поголема работа во областа на градежништвото од другите машини од тој тип, туку може да ги замени фините операции извршени од човечки раце. Благодарение на тоа, може да се користи и при спасување на повредени, не само во случај на земјотрес или пожар, туку и во сообраќајни несреќи.

„Астако“, роботски багер „со две раце“ – револуција во градежништвото

Дека светот на навидум лесна фантазија може сериозно да влијае на реалноста и начинот на кој размислуваме во секојдневниот живот, па дури и да придонесе за значителен општествен напредок, потврдува оваа интересна технолошка иновација од областа на градежништвото во Јапонија.

Необичната гасеница налик на јастог, со две долги, тешки раце и големи лажици, сè почесто се забележува на улиците во јапонските градови. Тој брзо ги чисти урнатините и остатоците – удирање, кинење, кревањ, влечење, сечење и дупчење.

Благодарение на постоењето на двата крака, багерот „Астако“ ги завршува сите работи двојно побрзо од другите машини од ист тип. Но брзината не е нејзината единствена доблест, бидејќи присуството на дополнителна рака носи нов квалитет во подобрување на функционалноста. Односно проширување на опсегот на операции што може да ги изврши.

Ваквата прецизна работа, покрај одличната хидраулика, му овозможува на операторот да има екран на кој камерите ја пренесуваат сликата на просторот во кој се движат врвовите на рацете. Токму поради овој сегмент, работниот процес наликува на видео игра со џојстици.

Багерот „Астако“ доживеа и медиумска слава

Ретко кога некое лице има можност да гледа во живо ТВ sвезди кои не се луѓе, па дури и домашни миленици. Но, токму таква свезда е  пронајдокот на „Хитачи“, багер со две раце. Со две краци, на кои можат да се монтираат додатоци, тие не само што зачудуваат по изглед, туку потсетуваат на мутиран рак или рак со џиновски клешти. А, благодарение на одличната хидраулика и исклучително чувствителните контролни прачки на кои нивните креатори се особено горди, тие вршат разни и хируршки прецизни процедури што ги привлекуваат како магнет продуцентите на забавни емисии.

Продуцентите одат до таму што поставуваат пред домаќините повеќе или помалку бизарни барања, за нивните камери. На пример, машината „со две раце“, користејќи ги двата крака истовремено да стави цвет во вазна, да отвори конзерва, да извлечете меч од капакот, или ѓубрето да го собере со метла.

Друга атракција во врска со овие необични багери, познати под кратенката „Астако“, е необичната приказна што го придружува нивното создавање. Имено, како нектар на пчели, во земјата на изгрејсонцето, публиката дознава дека дизајнерот на „дворачни“ багери дошол до идеја да ги дизајнира инспириран од неговиот омилен цртан филм. Тој, сакал да направи сличен гигантски, хуманоиден летачки робот како во популарната, научно фантастична сага „Гандам“. Па, на класичната градежна гасеница решил да и додаде друга рака и на тој начин да создадат футуристичка машина со „роботско раце“.

 Разновидност и прецизност

Но, дворачните багери „Астако“ не се само ТВ-атракција или егзотично овошје на неконтролирана имагинација. Тие се корисни машини, кои вршат широк спектар на операции, како што се рушење, кршење, прецизно сечење, односно одделување и преместување на елементи. Првенствено се користат за расчистување на урнатини, обработка на метален отпад и демонтирање на дотраени згради, претежно куќи.

Законот во Јапонија предвидува дека при отстранување на дотрајани градби, градежните елементи: бетон, железо, алуминиум и гума мора да се одделат и рециклираат. Токму тука доаѓа до израз предноста на машините со две раце во однос на обичните. Благодарение на нивната способност да подигнуваат и држат предмети со едната рака и да се расплетуваат или прецизно да ги обработуваат со другата, тие заменуваат многу луѓе на градилиштето. Вршат опасни работи што инаку би се изведувале рачно. На пример, расклопување на гломазни и остри елементи во истрошени или оштетени згради. Исто така, извршуваат две различни операции во исто време, со што го скратуваат времето потребно за извршување на одредена задача.

АСТАКО-Нео со нееднакви раце

Овие уникатни машини најдоа особено важна и значајна примена во расчистувањето на урнатините и отпадот во Јапонија оставен од страшното цунами пред десет години. Тие се користеа и за отстранување на последиците од уништувањето на нуклеарната централа Фукушима 1, предизвикано од налетот на морската вода и последователни експлозии.

Багерот со две раце „Астако- Сора“, којшто работел во областа на нуклеарната централа , компанијата „Hitachi Construction Machinery“, поради контаминацијата го ставила во железен контејнер и го закопала. Ова е ретка постапка за разлика од другите слични машини, кои се користат за делови, или се расклопуваат и завршуваат во отпад.

Висока цена, но и голем општествен придонес

„Астако“ роботски багер ја демонстрира можноста да се отстрани гумата од металната компонента и потоа веднаш да се сече на мали парчиња. Постои и приказ за прецизноста и финоста на стисокот во кој тој со една метална рака крева празни, кревки пластични шишиња од земја за да ги постави во кофа што ја држи другата.

Сепак, и покрај неговата прецизност и лесно ракување – манипулацијата со краците на АСТАКА е крајно едноставна и потсетува на игра со џојстици што буквално се совладува за неколку минути. Овие багери со две раце засега се прават само во Јапонија, и тоа само во „Хитачи“.  Тие никогаш не влегле во масовно производство и досега се направени само десетина. Најголемата причина за тоа е нивната цена – која со нивната опрема достигнува половина милион долари за парче.

Багерите со две раце на „Хитачи“ досега се појавија во неколку верзии, со краци со иста и со различна должина, со повеќе или помалку кибернетски софистицирани краци.

Прототип багер со четири патеки

Најновиот прототип од 2018 година, наместо две подолги, фиксни гасеници, има четири пократки. На тој начин се овозможува полесно и подобро маневрирање во просторот.

Во Јапонија, земја со многу природни катастрофи, како што се земјотреси и тајфуни, овие необични и скапи машини често се изнајмуваат за брзо расчистување на теренот по несреќите. Главни клиенти најчесто се противпожарната служба и армијата.

„Астако“, роботски багер, исто така,  се омилени меѓу љубителите на технологијата во таа далечна источна земја. Тие покрај на забавните телевизиски емисии се појавуваат и на разни промотивни настани. На смотри на  машини и на вежби за заштита од несреќи. Со тоа тие придонесуваат за продлабочување на интересот за машинската и технологијата воопшто.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.