„Аутомакедонија“ со позитивен финансиски резултат во 2020 година и покрај ударот од кризата. Остварената нето добивка е во износ 4.021.674,00 денари, односно 65.000 евра. Прикажаните финансиски резултати и финансиски состојби на компанијата се презентирани во образложението доставено до Македонска берза.

„Аутомакедонија“ со позитивен финансиски резултат

Во оваа предизвикувачка и тешка година на пандемија „ Аутомакедонија“ АД Скопје оствари само четири процентно намалување на оперативните приходи во однос на претходната година. Намалувањето на оперативните приходи е директно влијание на падот на приходите од продажба за исто така четири отсто. Вкупните оперативни приходи лани биле 8,19 милиони евра и тие се за 4четири отсто пониски од поретходната година.

Добивката намалена за 21 отсто во однос на 2019

Оперативните расходи во 2020 година се аналогно намалени за истиот процент, четири отсто. Тоа од една страна е директен резултат на напоредно намалување на набавната вредност на продадени производи за шест отсо аналогно на намалување на приходите од продажба. Од друга страна зголемувањето на останатите трошоци преку вредносно усогласување на побарувања и отпис на тековни средства.

Нето добивката е намалена за 21 отсто и изнесува 65 000 евра (4 021.000 денари). Или во апсолутен износ тоа значи наламување од 1.070.013 денари. Побарувањата од купувачи се зголемени за 39 отсто како тековни средства, краткорочни побарувања како резлутат на реализирани поголеми проекти на продажба на крај на 2020 година. Истите тие се наплатени во почетокот на 2021 година.

Поголеми залихи од нови брендови

Залихите се зголемени за 24 отсто во 2020 во најголем дел во возила. Пред се како резултат на отпочнување на работа со нови брендови на крајот на 2019 година (Sang Yyong , Piaggio). Исто така и креирање на диверзификација како и волумен на залихи за истите, како и повлекување на повеќе возила во период на неизвеснот за фунцкионирање на можноста за превоз и испорака на возила.

На крајот од 2020 година обврските кон добавувачи се драстично поголеми поради реализирање на големи проекти со принципалот Исузу за продажба на автобуси – реализирани во 2020, а платени во 2021 година. Друштвото во 2020 година не исплати дивидена.

За компанијата

„Аутомакедонија“ веќе седум децении е во автомобилскиот бизнис, а како основна дејност на компанијата е продажба на патнички, товарни возила и автобуси, на резервни делови, масла и адитиви. Потоа, сервисирање на сите видови и марки на возила на пазарот, застапување на странски фирми и изнајмување напростории.

Располага со богата инфраструктура : продажни салони, сервисни центри, деловни канцеларии и магацински простор во Скопје, Битола, Прилеп и Белград.

Аутомакедонија, е партнер на повеќе странски компании и добавувачи, меѓу кои  „Опел“, „СангЈонг“, „Исузу“ и „Пјаџо“.

Аутомакедонија, во изминатите десетина години, ја прошири својата дејност во делот натехнички преглед на возила преку AM „ЦЕРТ “. Продава полиси за осигурување преку „АМ Брокер“ има рентакар компанија „„Ауто1 Рент“. А, располага и со сообраќаен испитен центар СИЦ АМ Битола. Заедно, фирмите од Групацијата ангажираат околу 200 вработени лица.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.