Вртоглав раст на нови енергетски технологии. Новата енергетска технологија доживува метаморфоза со огромна брзина, без разлика дали станува збор за самовозечки автомобил на Apple или дури и маски за крави. Понекогаш тоа едноставното е неверојатно, а некогаш е само комично олеснување. Како и да е, често е попрофитабилна, бидејќи чистата енергија е модерен збор што постојано привлекува големи пари. Токму на ова поле во текот на оваа година се очекува појава на следните  осум нови енергетски технологии:

Apple возила без возач

Техничките гиганти сè уште не ја решија загатката околу батериите што би го катапултирале EV над популарноста на своите ICE, но сепак сè уште инвестираат ресурси во развојот на автомобилската технологија без возачи. „ Apple“ веќе објави дека планира да го претстави своето ново електрично возило без возач до 2024 година. Доколку успее, тоа сигурно ќе биде голем технолошки чекор напред, но дали е светот подготвен за оваа технологија?

 

Пренамена на депонираниот гас

Кога е во прашање собирањето и складирањето на метанот од депониите, постигнат е голем напредок, особено од старана на приватните компании.  Пред се затоа што гасот е особено штетен за климата.

„Фортистар“, приватен инкубатор за компании кои се фокусираат на справување со климатските предизвици, неодамна објави дека гради нов објект преку кој на днева основа ќе се справува со околу 1.900 декатерми од депонија за метан во обновлив природен гас (RNG). Перспективно, ова е доволно да се апсорбираат емисиите на 7.500 патнички автомобили.

Во овој процес – а има многу вакви проекти – природниот метан се собира од депонијата за цврст отпад. Метанот потоа се претвора во RNG, подготвен за гасовод. Потоа се користи како гориво за возила со природен гас или за која било друга примена на природен гас.

Постојат околу 175.000 возила на природен гас на патиштата во Соединетите држави, и 23 милиони низ целиот свет.

RNG може да игра улога во ограничувањето на емисиите на метан, а депониите се чини дека се најдобрата опција за собирање метан. За жал, како и повеќето климатски алтернативи, RNG е скап. Меѓутоа, RNG може да биде конкурентен на трошоците во својата примена за електрификација на згради, како во Калифорнија.  Така и покрај трошоците се пробива, бидејќи се зголемува притисокот врз акционерите на комуналните компании да се придвижат кон позелени решенија.

Според EIA, уделот на RNG во снабдувањето со природен гас во транспортниот сектор во Калифорнија од 10 отсто во 2013 година се зголемил на 70 проценти во 2018 година. Причината за тоа е што RNG се смета за гас со негативна емисија, а калифорниските  ниски јаглеродни стандарди се тешки.

Индустриските емисии како протеинска храна?

Може ли индустриските емисии на јаглерод да се користат како храна? Истражувачите велат дека можат, барем ако сте животно. Британска биотехнолошка компанија „Deep Branch“ работи на создавање протеин направен од микроби кои ги трансформираат индустриските емисии на СО2 во извор на протеини за храна на живина и риба. Изворот на протеинот, наречен „Протон“, има хранлив профил сличен на рибиното брашно, затоа не препорачуваме да го додавате во вашата исхрана.

Deep Branch“ веќе обезбеди финансии од три милиони долари за да го зголеми производството на протони и да им овозможи на производителите на храна да го испробаат. Она што е одлично кај протонот е дека ако успеат, тие ќе создадат нов одржлив начин за производство на добиточна храна што ги намалува емисиите на СО2 за повеќе од 90 отсто во споредба со традиционалните извори на протеини.

 BELCH MASK-  не се само за луѓето

Маската за крави што се развива во моментов има моќ да го фати оној метан што обично се ослободува во воздухот кога кравите подждригнуваат. Подждригнувањата од кравите се одговорни за 10 до 15 отсто од сите емисии на стакленички гасови – но сега сите може да се спасиме од краво-калипсата.

Zelp Ltd – компанија со седиште во Велика Британија, која работи на уредувањето, вели дека ќе го претвори метанот во почист воздух, намалувајќи ги емисиите за дури 60 проценти. Zelp се надева дека уредот ќе биде достапен некаде следната година.

Кравјиот измет како природен гас

И кога зборуваме за краво-калипса, ако живеете во Калифорнија, ако сакате природен гас што потекнува од ѓубриво од крава, тогаш ќе плаќате дополнително од стандардната цена за гас.

Неодамна, регулаторите во Калифорнија потпишаа тригодишен план за продажба на обновлив природен гас, сличен на друга ставка од оваа листа. Гас што доаѓа од фаќање метан на млечни фарми или од депонии. Екологистите, сепак, не го одобруваат тоа, тврдејќи дека тоа малку придонесува за решавање на влијанието врз животната средина на фармите за млечни производи и дека тоа е само одвлекување на вниманието од лобито кое инаку би ставило крај на природниот гас во Калифорнија.

Водороден авион

Според ZeroAvia, погонскиот склоп на водород е оддалечен само неколку години. ZeroAvia доби 21 милиони долари, средства од „Breakthrough Energy Ventures“ на Бил Гејтс и од фондот на Амазон за климаски залог.

ZeroAvia вели дека авионите на водород ќе генерираат помала бука, ќе бараат помалку гориво, ќе имаат поевтино одржување и ќе бидат поевтини. До 2023 година, ZeroAvia очекува комерцијални летови долги до  500-милји со 10-20 места.

Вртоглав раст на нови енергетски технологии

Супер батерија

Дали ќе ја паметите 2020 година како година на супер батерија? Иако оваа технологија може да биде забележлива, жално е што наместо тоа, 2020 година ќе остане запаметена како година со пад на тркалата во светот и кога цените на нафтата станаа негативни.

Иако ова не е нова технологија, цената на литиум-јонска батерија е намалена на околу 100 американски долари за kWh. Таа според некои аналитичари ќе им овозможи на EV возилата да бидат на исто ниво со ICE возилата.

Но, една нова технологија на батерии се појави во 2020 година, а тоа е нова анода која содржи чист метален литиум, што создаде луда надеж за производителите на автомобили за прво да ја користат оваа супер батерија во своите EV -уреди.

Каскадерски змеј

Друг нов развој во енергетскиот свет користи уред сличен на каскадерски змеј со можност да ја искористи моќта на плимата на Фарските острови. Проектот, наречен DG100, беше инсталиран во октомври, а електричната енергија беше испратена во мрежата во договорот за откуп на електрична енергија помеѓу „Sweden Minest“ и фарската комунална компанија SEV. Каскадерскиот змеј користи подводна струја, создавајќи хидродинамична сила на подигнување на крилата на змејот, што генерира движење. Како што се движи, водата тече низ турбината на системот и генерира електрична енергија .

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.