Вештачка интелигенција во индустријата- интелигентно производство. Односно, таа нуди огромен потенцијал за индустријата. Таа го прави производството поефикасно, флексибилно и посигурно.

Индустријата се повеќе и повеќе се дигитализира. Податоците континуирано се генерираат, обработуваат и анализираат. Обемот на податоци во производните средини е основа врз која се генерираат дигиталните претстави за цели фабрики и системи. Овие дигитални близнаци се користат веќе некое време за структурирање на планирањето и дизајнот на производите и машините – и самите производствени операции – и го прават тоа пофлексибилно и поефикасно. И притоа произведувајќи квалитетни, прилагодени производи побрзо и по прифатлива цена.

Вештачка интелигенција во индустријата- интелигентно производство

Но, што би се случило доколку машините можат самостојно да ги разберат овие големи количини на податоци и да ги оптимизираат своите процеси за време на самата работа?

Потенцијалот би бил огромен. Добрата вест е дека тоа веќе може да се постигне, со употреба на вештачка интелигенција (AI).

Создавање нови можности

AI е во фокусот на истражувањето повеќе од 30 години. За тоа време, беа направени големи достигнувања во оваа област на технологијата. На пример, помоќен хардвер и софтвер и подобрена компјутерска моќ и пренос на податоци.

Употребата на AI создава комплетно нови можности за флексибилно, ефикасно производство, дури и кога станува збор за сложени и сè повеќе прилагодливи производи во мали серии.

Според една студијата на Роланд Бергер: ефектите ќе бидат многу значајни. Тој тврди дека до  2035 година, интелигентните, дигитално мрежни системи и процесни ланци би може да постигнат дополнителен раст од околу 420 милијарди евра само во Западна Европа.

Првите вистински примени на AI веќе наоѓаат место во редовните индустриски линии, вклучително и препознавање на јазици за остварување на основните задачи. Исто како и документирање на околината со камери.

Големите компании користат AI

Според студијата на PwC, вкупно 62 проценти од големите компании веќе користеле AI технологија во 2018 година. „Сименс“ во своето портфолио има решенија во областа на услугите, како што се на пример за предвидливо одржување и други апликации за инженерство и тестирање на квалитетот.

Решенијата во облак како што е MindSphere, исто така, овозможуваат поддршка за тековно оптимизирање на процесите што ја подобрува ефикасноста и достапноста на машината.

AI и индустрија 4.0

Големите податоци и AI даваат огромен поттик на Индустријата 4.0. Интелигентните софтверски решенија можат да користат голем обем на податоци генерирани во една фабрика, за да ги идентификуваат трендовите и моделите што потоа можат да се користат за да се направат поефикасни процеси на производство и да се намали нивната потрошувачка на енергија. Така, производните фабрики постојано се прилагодуваат на новите околности и се изложуваат на оптимизација без потреба од вложување на раководителот.

И како што се зголемува нивото на вмрежување, софтверот на AI може да научи да „чита меѓу редови“. Тоа пак може да доведе до откривање на многу сложени врски во системите кои сè уште не се, или повеќе не се видливи за човечкото око.

Интелигентен софтвер со доволно интелигентна аналитичка технологија е веќе достапен. Но, дали обработката на податоците ќе се изврши со користење на решенија во облак  или на локално ниво (Edge), ќе зависи од барањата на корисникот.

Податоците на платформата Edge се достапни побрзо и со поголема резолуција, додека значителна количина на компјутерската моќ е достапна во облакот. Во многу случаи, потребно е да се комбинираат платформата Edge и компјутерската моќ во облак, за да има корист од двата света.

MindSphere, отворен, IoT оперативен систем на Сименс, базиран на облак може да се користи за поврзување на производи, постројки, системи и машини. Тоа е една од најважните основи што овозможува употреба на AI во индустријата.

MindSphere врши опсежна анализа така што огромни количини на податоци генерирани од „Интернет на нештата“ (IoT) можат да се користат за оптимизација, симулација и донесување одлуки.

Дигиталниот близнак овозможува виртуелно тестирање на различни сценарија и промовира паметни одлуки во области како што е оптимизација на производството. Користејќи дигитален приказ на машински алати и поврзаниот процес на производство, AI ќе може да препознае дали производот што во моментот се преработува ги исполнува барањата за квалитет. Исто така и да ги утврди производните параметри што овозможуваат оптимално производство.

Дигитализацијата и сајбер безбедноста- рака под рака

Предуслов, како за Индустријата 4.0, така и за вештачката интелигенција е врвна, целосна  ИТ-инфраструктура. Тоа е единствениот начин  врз основа на кој деловниот субјект може да стане дел од дигиталната иднина. Но, ова секогаш мора да биде придружено со свеста дека дигитализацијата и сајбер безбедноста мора да одат рака под рака. Без воспоставени соодветни мерки за заштита, ризиците се огромни.

Според „Глобалниот извештај за ризик“ на Светскиот економски форум, загубите во работните активности поради високотехнолошкиот криминал во следните пет години ќе изнесуваат осум билиони долари. Сеопфатна заштита на индустриските капацитети, како што на пример  користи детален концепт за одбрана на компанијата Сименс, ќе игра клучна улога во иднина.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.