Година подоцна: „Што можевме, што направивме“ во однос на КОВИД 19 – неформален партнер е насловена втората дебатна конференција што Независната угостителска комора ја најавува за 17 март оваа година.

Како што соопштуваат од НУК, на 13.март завршува една година од  воведувањето на првите рестриктивни мерки за работа на угостителската индустрија. Мерки со што угостителите добиваат неформален партнер во своите бизниси. Имено, со одлука на Влада од 14. март до 28. Мај 2020 е целосно затворена угостителската индустрија. По тој период и се дозволува работа во угостителските објекти проследени со динамични препораки и протоколи за работа во услови на пандемијата, Ковид-19.

НУК оррганизира втората хибридна конференција COVID-19 – НЕФОРМАЛЕН ПАРТНЕР

Во периодот од една година многу работи се направија, но и многу работи се заборавија. Покрај угостителската индустрија, многу зависни и засегнати индустрии трпат енормни штети и загуби со влегувањето на новиот неформален партнер кај угостителите.

„Секојдневно задкулисно на големо се дебатира и дискутира за работите што можевме да ги направиме, а малку што навистина направивме.

По тој повод една година подоцна на 17. март 2021 година во Скопје Независната угостителска комора – НУК ја организира втората хибридна конференција COVID-19 – НЕФОРМАЛЕН ПАРТНЕР под називот: „Година подоцна: ШТО МОЖЕВМЕ ШТО НАПРАВИВМЕ“, стои во соопштението од НУК.

Угостителите во грч

-Новите глобални информации укажуваат на се побрзо доаѓање на нов бран на мутирана верзија на вирус од пандемијата предивикана со Ковид19. Опстанокот и оправданоста на постоењето на одредени сектори од угостителската индустрија се ставени под голем знак прашалник. Угостителите се во се поголем грч ветувањата и очекувањата на најавената прва помош за 2021 година од Владата со т.н. нов пети сет мерки од една страна, како и воведување на нови најавени рестриктивни мерки и протоколи за работа за угостителската индустрија од друга страна.

Минато годишните најави дека угостителската индустрија ќе биде најзагрозената индустрија како никогаш досега, нé само што се докажаа туку оние што успеваат да ги одржат своите бизниси ги присилува да се прилагодат кон нови правила и предизвици кои незнаат како ќе се рефлектираат на подолг рок.

Едно е сигурно, ефектите и последиците од пандемијата Ковид – 19, ќе бидат со нас во годините кои следат, “ вели Здравко Јосифовски, претседател на НУК.

Според него, предизвик и задача на оваа дебатна конференцијата е:

  • изнаоѓање и предлагање решенија за најдобрите начини за справување со последиците од светската пандемија – во тек и по неа,
  • – пронаоѓање нови креативни начини на функционирање,
  • – како и учество во дискусиите и ефектитте од новите предлог владини мерки, модели, субвенции и државни гаранции и кредити за поддршка на сите засегнати сектори во угостителската индустрија.

„На дебатната конференцијата заедно со владините претставници и претставниците на локалните самоуправи повторно ќе дебатираме за активностите што ги имаме направено и спроведено, како активности кои се планирани да се направат за да ги ублажиме загубите и другите последиците од добивањето на новиот партнер – Ковид 19 и допринесеме во побрза и поквлитетна ревитлизација и рехаблитација на угостителската индустрија,“ подвлекува претседателот на НУК во соопштението.

Година подоцна: „Што можевме, што направивме“

Заедничко решение за опстанок на угостителството

Како што е наведено во соопштението: -Стручни медицински лица, балкански асоцијации, комори и здруженија на угостители, здруженија за туризам и рурален развој, производители, дистрибутери, увозници, естрадни уметници, музичари и музичките работници, синдикатите за туризам и угостителство, како и сите останати засегнати страни ќе имаат можност да се приклучат кон дискусиите и дебатите со нивни предлози и размислувања за решавање, надминување и ублажување на загубите кои ќе се генерираат во наредниот период.

Сигурни сме дека унифицираноста и усогласеноста на примената на заеднички решенија, препораки и мерки во регионот кои ќе бидат предложени и прифатени од учесниците на оваа конференција ќе биде клучно решение за опстанокот на угостителството и туризамот во годинашната епизода на „новото секојдневие“ со Ковид-19.“

Од НУК информираат дека поддршка на конференцијата веќе дале дел до ХОРЕКА производителите и добавувачите. Додека посебна подршка за дебатите на истата очекуваат и од сите останати пред се општествено одговорни фирми, ХОРЕКА произведители и добавувачи на храна, пијалоци и опрема. Пред се поради нивната зависност на бизнисот од угостителската индустрија и како дел од засегнатите индустрии кои со својот допринос и поддршка со предлози кон изнаоѓање на механизми за побрзо справување и надминување загубите ќе допринесат брзо и безболно враќање на угостителската индустрија во своето вистинско светло, жар и сјај.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.