По три години од извонредниот успех на неговиот наградуван албум „Human“, Rag’N’Bone Man е подготвен повторно да и даде на својата публика срце и душа.

‘Life By Misadventure’ е неверојатна колекција на емотивни песни што пристигнуваат точно на време кога ни е најпотребно.

Неочекувано, новиот сингл носи промена во стилот, каде испрекинатиот звук на ритам гитари го отсликува внатрешен немир, толку близок до многумина, во ова чудно време.

– „Се чувствував тажно додека гледав некои места каде што пораснав во Брајтон и во Лондон. Повеќето кул места што ги посетив ги нема…“, вели Рори Греам, познат како Rag’N’Bone Man.

Регионалната публика имаше посебна привилегија да го гледа и слуша Rag’N’Bone Man во живо, во 2018 година на фестивалот „Егзит“, каде беше еден од водечките изведувачи на таа година.

Скопскиот концерт во организација на „Авалон“, за жал, беше откажан…

Неговиот револуционерен деби албум „Human“ (2017) имаше феноменален успех во Велика Британија, но и ширум светот. Четирикратниот платинест тираж на албумот беше поткрепен со престижни музички награди, пред се BRIT и Ivor Novello. „Himan“ го зазеде местото број 1 на британските топ листи, само една недела од објавувањето.

Знаејќи дека таквиот успех е тешко да се следи, Rag’N’Bone Man ги заборави сите напишани правила и реши да замине во Нешвил. Таму, тој го сними она што ќе стане „Живот во несреќа“, насловот на неговиот нов албум. Тој се врати во Англија непосредно пред првото избувнување на пандемијата.

Иако дозата на тежок блуз и душа сè уште живее во некои мелодии, повеќето песни од новиот албум претставуваат голем чекор напред во неговиот уметнички, композициски и пејачки живот, и со секој нов здив тој е во состојба да изрази и да покаже огромна количина на топлина и чувства.

Најголемиот дел од албумот го произведе Мајк Елизондо, (Еминем, 50 Сент, Фиона Епл, Аланис Морисет), продуцент и мулти-инструменталист, добитник на Греми награда. Албумот е снимен во неговото студио во Нешвил.

Посветени, песните беа снимени „во живо“ – целиот звук е вистински и 100% човечки.

– „Имавме доволно време да се соживееме со песните“, објаснува Rag’N’Bone Man, и дополнува: „Премногу често порано, ја пеев песната во еден ден, бидејќи немаше време да се вратам на неа подоцна. На овој начин беше многу полесно да се внесат вистински емоции во музиката“.

„Life By Misandventure“ е совршен лек за овие времиња. Албум кој има длабочина и душа, зборува за растење и одење напред. Уживајте во ова патување.

Темата „All You Ever Wanted“ која го најавува албумот на Реге… е веќе хит на Анторис радио…

 

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.