Индија претендира да биде трета економска сила во светот. Индија би требало до 2031 година да ја надмине Јапонија. И да биде трета најголема економија во светот – зад САД и Кина,  покажува извештајот на BofA Securities (Bank of America).

Индија претендира да биде трета економска сила во светот

Одделот за инвестициско банкарство на Банката на Америка претходно предвиде дека тоа ќе се случи во 2028 година. Но, во понеделникот, објавија  дека економскиот шок од Ковид-19 ќе ја смени временската рамка за три години.

„Очекуваме Индија да се појави како трета најголема економија во светот во 2031 година, наместо во 2028 година. Тоа е резултат на шокот од Ковид 19“, напишаа во извештајот економистите на BofA Securities Indranil Sen Gupta i Aastha Gudwani.

Истражувачите забележаа дека Индија треба да го достигне номиналниот БДП на Јапонија во долари во 2031 година. Ако порасне на девет проценти годишно – претпоставувајќи реален раст на БДП од околу шест проценти, просечни стапки на инфлација од пет проценти и амортизација од два проценти.

Индија ќе ја надмине Јапонија

Доколку растот достигне 10 проценти, тогаш Индија потенцијално може да ја надмине Јапонија до 2030 година, се вели во извештајот.

Индија претрпе економска криза поради минатогодишното затворање, што беше воведено за да се забави ширењето на коронавирусот. Милиони работни места се изгубени, многу од нив трајно.

Иако економијата се подобрува, агенцијата за рејтинг S&P соопшти дека Индија се соочува со трајна загуба од околу 10 проценти од економското производство во споредба со нејзиниот пред пандемиски пат.

Сепак, структурните двигатели на економскиот раст се зајакнуваат, се вели во извештајот на „ BofA Securities “. Овие вклучуваат продлабочување на финансиската зрелост, појава на масовни пазари како резултат на зголемувањето на приходите и претстојната демографска дивиденда, што се случува кога една земја доживува забрзан раст како резултат на падот на стапката на плодност и морталитет.

Масовниот пазар се однесува на пазарите каде стоките се произведуваат во големи количини за маса на луѓе.

 

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.