„ИНОВАМАК 2020“ годинава онлајн. Четврти меѓународен саем на патенти, иновации и нови технологии „ИНОВАМАК 2020“ ќе се одржи онлајн, соопшти Националната асоцијација на пронаоѓачите на Македонија (NAIM).

иновомак

„Со оглед на познатата ситуација со Ковид 19 пандемијата, Саемот ќе се одржи on- line, од 9. до 11 ноември 2020. На 11 ноември на веб-страницаta www.naim.mk ќе биде објавен официјалниот каталог на саемот, со сите пријавени патенти и иновации, заедно со наградените добитници. Како награди ќе доделат златни, сребрени и бронзени медали со ликот на познатиот пронаоѓач Михајло Пупин“, соопштија од Националната асоцијација на пронаоѓачите на Македонија.

Од таму ги повикаа сите домашни пронаоѓачи и иноватори да се пријават за учество на ИНОВАМАК 2020. Крајниот датум за пријавување е 31. октомври 2020. Учеството на ИНОВАМАК 2020 е бесплатно, појаснуваат од НАИМ.

„ИНОВАМАК 2020“ годинава онлајн. „Со оглед на стекнатиот меѓународен углед што го постигнаа претходните три саеми ИНОВАМАК (минатата година учествуваа 20 земји со вкупно над 100 патентирани пронајдоци), оваа година се очекува да учествуваат повеќе од 25 земји, и покрај проблемите што произлегоа од пандемијата“, се вели во соопштението до медиумите од Националната асоцијација на пронаоѓачите на Македонија.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.