„Аксапта мастерс“ е ИТ компанија која веќе деветта година постои на пазарот. Работи на примена на microsoft business cloud решенија. Преку нив, им помагаат на компаниите ширум светот во нивната дигиализација и оптимизација на бизнис процесите. Користејќи технологии како анализа на податоци, вештачка интелигенција за кои континуирано ги едуцираат вработените. Се работи за технологии за кои постојано треба да се биде во чекор и всушност се надградба на сето она што се учи на техничките факултети. Компанијата минатиот месец го прослави 100-тиот вработен во нивниот тим. А, веќе се проширува со нови вработени. Ова го откри Биљана Талевска, која работи како регрутер во тимот за човечки ресурси при „Аксапта мастерс“.

„Тој процес продолжуваме да го следиме, следејќи го планираниот раст на компанијата, кој потекнува од потребата да ги задоволиме барањата на нашите клиенти. Наши клиенти се интернационални корпорации од произвводствена дејност, сконцентрирани во сите типови на индустрии. Решаваме проблеми, наоѓаме секојдневни решенија за подобрување на процесите“, вели Талевска.  

Процес од пракса до работна позиција 

Отворен ум, желба за знаење и професионализам, човек кој сака да се натпреварува и да научи од поискусните. Воедно потребно е и прилагодување кон средината. Вакви кандидати веројатно лесно би го поминале процесот на вработување во „Аксапта мастерс“. Компанијата притоа нуди и посветена едукација во практикантството и овозможува голем број на практиканти и дипломци да си ја пробаат среќата.

„Кај нас, два месеци е оптимизиран периодот за пракса. Праксата ја нарекуваме обука пред вработување. Програмерите го добиваат тој увид во технологиите со кои работиме и ги користат во компаниите со кои работиме. После таа менторски насочена пракса, каде секој добива индивидуален третман и насочување, важно е да застанат на свои нозе и да работат директно со клиентите. Обуката и менторството не застанува со самата пракса. се уште има некој кој ќе ги води напред во материјалите потребни за едукација и во самите процеси на работа. Освен интерните обуки кои ги нудиме, стимулираме и овозможуваме нашите програмери да се сертифицираат на Мајкрософт. да бидат доследни на технологиите“, вели Талевска. 

Компанијата не регрутира само програмери, кои се многу барани. Воедно, работи и на бизнис програмирања.  Овозможува почетни обуки за економисти и за сите оние сакаат да се надоградуваат без разлика дали се од ИТ светот. Потребно е да се има брзината на учење, да постои мотив желба за учење и способност за динамика.

„ Имаме објективни тестови и мерила за ваков тип кариера. Едно интевју се состои од структура, кај нас има дефинирано структура на објективни и да ги наречам субјективни тестови. Начинот на аплициирање на кандидатот, желбата и учење… Програмерите добиваат основи од технологиите, кои се примарно потребни да се надоврзат на тоа што го учеле. Имаме одредени граници во контекст на тоа кога ќе бидат повикани на интевју, техничко интервју и евентуално да добијат покана за работа“, вели Талевска. 

Во однос на флексибилноста на работното време, Талевска вели дека се’ зависи од типот на работата и каков тип на клиенти се опслужуваат. Но, напоменува дека колку и да постои флексибилност во однос на работата, сепак тоа е предвидено работно време и работни часови.

„Ние работиме според македонските закони. Паралелно, во таа временска зона работат и нашите клиенти. Колку и да има флексибилност, тоа работно време кога клиентот кога не очекува од другата страна на линијата, бидејќи ние сме му потребни“, заклучува Талевска. 

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.