Капитал банка годинава ќе го зголеми капиталот за 2, 5 милиони евра. Со предвидените промени во структурата на капиталот ќе се изврши 50 процентно зголемување на вредноста на акционерскиот капитал и резерви. Тоа  ќе овозможи одржување на стапката на адекватност на високо ниво од над 20 отсто кон крајот на 2021 година.

Капитал банка годинава ќе го зголеми капиталот за 2,5 милиони евра

Капитал Банка АД Скопје ја донесе и усвои деловната политика и развоен план за периодот 2021-2023 година. Таа се засноваат на остварените и планираните движења и резултати на Банката. Исто и на остварените и проектираните движења и трендови во реалниот сектор и макроекономското опкружување, кои би имале влијание на работењето на Банката.

Зголемување на вредноста на акционерскиот капитал

Во текот на 2021 планиран е процес на зголемување на акционерскиот капитал во износ од 2.500.000 евра кој ќе биде насочен кон зацврствување на капиталната структура на Капитал Банка. Воедно и основа за остварување на планираниот раст и обем на деловните активности предвидени во деловниот план. Тие активности се во насока на остварување на своите примарни цели за одржување на соодветна адекватност на капиталот, профитабилно работење и обезбедување на поврат на капиталот.

Со предвидените промени во структурата на капиталот ќе се изврши 50 процентно зголемување на вредноста на акционерскиот капитал и резерви. Тоа  ќе овозможи одржување на стапката на адекватност на високо ниво од над 20 отсто кон крајот на 2021 при планираниот раст на кредитното портфолио.

Кредитното портфолио на Банката во текот на 2021 година се очекува да достигне ниво од 2.077 милиони денари. Тоа споредено со 2020 година претставува интензивен раст од 14 проценти. Растот е предвиден во сегментот население со пораст од 26 отсто во текот на 2021 година. Додека во сегментот правни лица предвиден е раст од четири проценти. Годишната динамика на пласирањето на средства во кредити ќе ја следи динамиката на прибирање на депозити со поголем интензитет во 2021 година и стабилизација на растот во наредните две години.

Проширување на мрежата на експозитури

За успешна рeализација на целите и задачите на Деловната политика на Банката ќе се преземаат конкретни мерки и активности во одредени сегменти од работењето. При тоа особено значање се предвидува кај растот и развојот на мрежата на експозитури на Банката. Факт што се потврди и во текот на пандемијата,. Лани Банката отвори нови експозитури во Кочани, Велес и Штип, покрај веке посточеките четири во Скопје како и во Струмица и Тетово.

Капитал Банка и во тек на оваа година планира ново проширување на својата деловна мрежа. Па така, ке се овозможи пристап на клиентите до понудените услуги и продукти во нови седум градови. Ќе се отворат експозитури во Битола, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Кичево, Гостивар и Куманово. Ова проширување ќе донесе и нови вработувања. И секако ќе помогне во ситуацијата со корона пандемијата воопшто.

Во фокусот на менаџментот останува и процесот на дигитализирање на услугите кои ги нуди Банката. Тоа е иднината на банкарствтото во светот. Чекор што секако ке допринесе до побрз и полесен начин на задоволување на современите потреби на пазарот.

Банката ќе инвестира во поттикнување на својата корпоративна промоција. Целта на таа промоција е да го унапреди угледот, препознатливоста и присутноста на Банката на пазарот. Доближување на Банката до клиентите особено преку современите дигитални канали и дигитални понуди и проекти.

И за крај но не помалку важно е развивањето на корпоративната општествена одговорност на Банката преку финансиска поддршка на културни, научни и хуманитарни дејности. Активности кои ќе придонесат во градењето на подобра и поуспешна заедница за живеење.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.