Македонска берза ја заврши изминатата специфично –тешка економска година со промет од околу 133 милиони евра, објави Берзата во „Клучни моменти на Македонска берза во 2020 година“. Прометот на македонскиот пазар на капитал претставува зголемување од 6,4 отсто во однос на претходната 2019 година. За порастот на проемтот и покрај вонредните услови за бројни стопанственици, во голем дел допринесе успешното тргување со акции во БЕСТ системот, што лани достигна околу 92 милиони евра. Односно забележа раст од 48,8 проценти во однос на 2019 година.

Изминатата 2020 година и берзанскиот индекс МБИ10 забележа раст од 1,2 отсто во споредба со 2019 година. И достигна 4.704,85.

Во средината на март беа донесени и нови правила за статичките лимити  за хартиите од вредност во режим на континуирано тргување. Тие беа лимитирани од  минус 5 проценти од официјалната просечна цена за хартијата од вредност на претходниот ден на тргување. Додека динамичките лимити изнесуваа плус/минус 1,5 проценти од моменталната референтна цена за хартијата од вредност. Дополнително за хартиите од вредност во режим на аукциско тргување беа воведени  статички лимити од плус/минус 10 проценти од официјалната просечна цена за хартијата од вредност на претходниот ден на тргување. Додека динамичките лимити изнесуваат плус/минус 1,5 отсто од моменталната референтна цена за хартијата од вредност;

Нови правила за котација

Изминатат година Одборот на директори на Берзата спроведе и измени и дополнувања на Правилата за котација на Македонска берза.

Меѓу новините посебено се акцентира воведувањето на годишен календар на настани. На тој начин навремено се информира за неделите од годината во кои ќе се вршат јавни објави на финансиски извештаи или други битни настани поврзани со работењето на котираните друштва;

Со измените се скратуваат роковите за објава на финансиските извештаи, согласно најдобрите европски и регионални пракси;

Воведена е „Листа за набљудување“ која е јавно достапна на Интернет страницата на Берзата и на којашто во иднина ќе се внесуваат издавачи за кои Берзата смета дека треба да и се обрне внимание на инвеститорската јавност поради посериозно непостапување на издавачот во согласност со Правилата за котација. Или поради други ситуации поврзани со хартиите од вредност или со издавачот.

Инвеститорски ден

Македонска берза АД Скопје по повод  25 години од основачкото собрание иницираше одржување на т.н. „Инвеститорски ден“. Оваа иницијатива ја прифатија и во неа активно се вклучија Централниот депозитар за хартии од вредност и осум членки на Берзата и ЦДХВ, а истата доби поддршка и од Комисијата за хартии од вредност.

„Инвеститорскиот ден“ се одржа на 18-ти септември 2020 година.

На  тој ден на Берзата се склучија вкупно 339 трансакции, најголем во летниот период, а просечниот дневен број на трансакции изнесуваше 62 трансакции.

Вкупниот промет од тргување во БЕСТ системот на тој ден надмина 1 милион евраодносно изнесуваше повеќе од 63 милиони денари. Тоа беше пораст  за  четири пати  повеќе во споредба со просечниот дневен промет во БЕСТ во последниот квартал од годината, кој изнесуваше 15,3 милиони денари. Односно беше прв најголем промет на Берзата во тој период во класичното тргување. На Инвестицискиот ден во БЕСТ системот на Берзата беа внесени вкупно 620 налози за тргување, што беше втор најголем број на внесени налози во текот на 2020 година.

Дополнително, податоците од Централниот депозитар на хартии од вредност покажаа голем пораст на бројот на новоотворени сметки за хартии од вредност по најавата за одржување на „Инвеститорскиот ден“, односно за една седмица беа отворени над 50 сметки во ЦДХВ.  Инвеститори кои никогаш претходно не тргувале на Берзата.

ЕБОР-Инвестициски анализи за македонски компании

Македонска берза, во 2020 година беше вклучена во регионалниот проект на ЕБОР за изготвување на инвестициски анализи на котирани компании. Во рамките на овој проект  учествува и беа објавени инвестициски анализи за НЛБ Банка АД Скопје, за Алкалоид АД Скопје и за Комерцијална банка а.д. Скопје. Сите подготвени од страна на консултантската компанија „WOOD & Company”.

 

Одборот на директори донесе oдлука продуктот на Македонска берза за т.н. електронско тргување преку Интернет (eTrader), што им е достапен на инвеститорите преку нивните брокери и којшто овозможува далечинско тргување на Берзата, да продолжи да се користи БЕСПЛАТНО до 31.03.2021 година.

 

Запознавање со платформата Funderbeam

Македонска берза се приклучи во одбележувањето на Деновите на финансиска писменост. Берзата во рамките на своите заложби за перманентен развој на македонскиот пазар на хартии од вредност, а со цел овозможување на континуирана и висококвалитетна едукација на сите пазарни учесници, се вклучи во одбележувањето на Деновите на финансиска писменост преку нејзините едукативни алатки: квиз на пазарот на капитал и едукативни видеа.

Македонската берза организираше низа активности преку кои граѓаните имаа можност уште подобро да се запознаат со crowdfunding платформата Funderbeam.

На 22 и 23 септември, преку online платформата ZOOM, Берзата организираше три работилници на кои беа поканети сите 100 котирани компании во врска со имплементацијата на новите измени на Правилата за котација.

Последниот клучен момент со кој практично Македонската берза АД Скопје даде акцент на годината што измина, беше тркалезна маса на тема: „Берзите во 2020 година – Осврт на локалниот и глобалните пазари” . Во рамките на овој настан, Македонската берза традиционално ја додели наградата „Кристално ѕвоно“ за најтранспарентни котирани акционерски друштва за минатата година.

 

Leave a Comment