Компаниите кога минуваат низ процес на модернизација имаат потреба од дестинација. Во контекст на дигиталната трансформација, малкумина би ви рекле дека модернизацијата е лоша работа. А сепак, има многу приказни за иницијативи за модернизација кои на крај никаде не водат:

  • ИТ-тим што прифаќа агилни методологии, а потоа трча во круг без јасна насока.
  • Организација која без двоумење го мигрира целокупниот обем на работа кон облакот, а потоа чека да се случи трансформација.
  • Директор на информационите технологии, кој применува вештачка интелигенција (АИ) со примарна цел… да стане лидер во АИ.

И да не бидеме погрешно разбрани. Ова не се обвиненија на сметка на модернизацијата – всушност, тоа е токму спротивното. Модернизацијата е унапредување на технологијата, работењето и процесите на организацијата во функција на опипливи деловни резултати. Токму затоа што модернизацијата е толку ефиаксна патека и кон дигиталната и кон деловната трансформација, секој ден станува се полесно мешањето на модернизацијата со самата трансформација.

Компаниите кога минуваат низ процес на модернизација имаат потреба од дестинација

Но, патеката не е цел. Ако се третираат како едно, сигурно следи разочарување. За да вашето патување низ модернизацијате не стане вежба за бескорисност, целата ваша организација прво треба да одреди дестинација. Пред да инсталирате scrum master, треба да мигрирате апликација или да го изградите вашиот прв АI модел. Всушност треба точно да знаете што сакате да постигнете и како ќе знаете кога сте го постигнале.

Каде одиме?

Модернизацијата овозможува дигитална трансформација, но „дигиталната трансформација“ може да предизвика ист вид двосмислен ентузијазам што организациите не ги води никаде. А комбинацијата на прекумерна употреба и обична злоупотреба на овој термин придонесе некои луѓе да се откажат од него. Сепак, лидерите на идеи на врвните светски добавувачи на технологија, вклучително и веб-услугите на Амазон (AWS), избираат поинаква патека. Тие, континуирано се развиваат, засилуваат и ја повторуваат изводливата дефиниција за дигитална трансформација за себе и за своите клиенти.

Значи, пред да започнете со модернизација, размислете добро и опсежно за тоа што значи дигитална трансформација:

Визија за иднината. Започнете со она без што вашата организација не би можела да постои: од клиентите или членовите на кои им служите. Какво е нивното патување, каде има (потешкотии) триење во него и како се менува? Соберете ги деловните и ИТ-тимовите за да ги споредите одговорите, за да се постигне усогласеност и решенија во областите на триење.

Можеби подолго потрошеното време од просечно за поправка на штетата го повредува задоволството на вашите клиенти и трошоците за одржување исто колку и моралот на вашиот тим за услуги. Тоа е повеќедимензионален проблем достоен за повеќедимензионално решение. Претворање на можности како овие во деловни цели со конкретни резултати ќе ви помогнат да изградите чувство на сопственост и итност кај вашите различни тимови.

Начин на размислување за иднината. Двосмислениот ентузијазам, пожелно е да го претворите во јасно видување, така што ќе  одговорите на некои тешки прашања, меѓу кои главното прашање е: „Што ја спречува вашата организација во остварување на најсмелите цели што сте ги утврдиле?“Секако тоа што ве кочи има врска со начинот на размислување – она што вели дека дигиталната трансформација се однесува на технологијата, а не на начинот на размислување на луѓето или дури и организациските промени.

-Дваесет години консултации и 10 години искуство со првиот инженерски облак ни кажуваат поинаква приказна, која треба да ја претставите на начин што нема да ги исплаши вашите заинтересирани страни. Тука целта – и малку психологија – ги исполнува луѓето, објаснуваат експерти од Slalom.

Иновативни хоризонти. Водечките стратези на Slalom размислуваат за иновациите на три начина, наречени Хоризонти на иновации.

Хоризонт 1: Стратешка ефикасност – Гледајќи ги постојните производи, услуги и деловен модел на компанијата, која се развива во обем: бидете подобри, побрзи и поефикасни.

Хоризонт 2: Проширете ги каналите – Користете ги постоечките производи, но проширете се на различна употреба или сегмент на клиенти, на нови канали и нови пазари или на нов начин преку партнерства.

Хоризонт 3: Промена на суштината на компанијата – Трансформативни промени, искористување на можностите што ги има компанијата за да направат нешто сосема ново.

Тие забележале тренд на растење на третиот хоризонт: промена на суштината на организацијата и искористување на можностите што ги има компанијата за да направат нешто сосема ново.  Тоа ниво на агилност е целосно нарушувачко.

Ноторно е тешко да се додели вистинска деловна вредност на цели како агилност, но кога агилноста прави разлика помеѓу преживување и просперитет во време на брзи промени, вреди да се скршат некои бројки.

Како да стигнеме таму?

Сега да разговараме за модернизација. Каде да се започне? Постои модернизација на организацијата, модернизација на процесите и модернизација на технологијата.

Во рамките на модернизацијата на технологијата, постои модернизација на податоци, модернизација на облак, модернизација на апликации и многу повеќе.

Во рамките на модернизацијата на апликациите, има реплатформирање или рефакторирање, ако не само, рехостинг. Одлуката со која од нив да се бавите и кога во нив да вложувате се доволно за да се покрене целото претпријатие.

Вашата одбрана од парализа на анализата е познавање на деловните резултати што сакате да ги видите. Користете ја својата голема визија за да размислите како можеби треба да се променат вашите деловни и оперативни модели. Потоа проценете ги новите модели заедно со експерти со длабоко искуство во дигитална трансформација.

Откако ќе одлучите кои модели се најдобри, утврдете ги клучните можности што треба да ги усвоите или оптимизирате и споредете ги со моменталната состојба на вашата организација. Дајте приоритет на технологијата која треба да ја повлечете, замените, преселите или да ја модернизирате врз основа на нејзината важност за вашата визија и нејзината сложеност во однос на развојните можности на вашите тимови. Сега сте подготвени да модернизирате.

Модернизација на дело

LG CNS ја имаше една од најсмелите визии што сме ги виделе. Компанијата за ИТ услуги за LG Group сакаше да биде првата модерна компанија за создавање на апликации во облак, во Јужна Кореја. Зошто? Бидејќи така ќе може повешто да реагира на зголемената побарувачка за дигитална трансформација низ 70 подрачни компании во групацијата LG и надворешни клиенти на отворениот пазар.

Работејќи заедно, Slalom и AWS му помогнаа на LG да ги преиспита своите деловни и оперативни модели, да изгради инженерска архитектура, која се заснова на облак и да ги префрли своите инженери во агилни тимови посветени на решавање на одредени проблеми, едно по едно издание. Најкул дел: Тимовите на LG отпатувале во Сиетл за да работат рамо до рамо со тимови од Slalom и AWS.

Ова извонредно искуство било толку ефективно што ги инспирираше Slalom и AWS да започнат заедничко патување. -Почнавме да градиме AWS | Slalom центри низ целиот свет, а нововработените ги екипиравме со експерти за облаци и деловни стратези од AWS и Slalom. Тимовите на Центарот за развој се посветени на помагање на купувачите да ги поттикнат своите организации за кои планираат иднина, а нивните услуги се дизајнирани да бидат испорачани лично или виртуелно.

Дали е тоа модернизација? Да, тоа е модернизација во облак – но секогаш служи за нешто поголемо.

 

Leave a Comment