Мермерен комбинат Прилеп со преполовена добивка.Остварената оперативна добивка за 2020 година е во износ од 541.137. 000 денари: Таа е помала за 50,56 проценти во однос на  остварената оперативна добивка во 2019 година. Тогаш оперативната добивка изнесувала 1.371.989.000 денари. Компанијата за ваквата состјба во образложението за фиансиското работење доставено до Македонска берза ја наведува  отежнатата економска состојба поради пандемијата.

Добивка од 8,3 милиони евра

Мермерен Комбинат АД Прилеп во 2020 оствари приходи од продажба во износ од 1.365.085.000 денари. Тоа покажува дека приходите  се намалени за 38,6 проценти споредено со 2019 година.

EBITDA ланската година е намалена за 53.75 проценти изнесува 684.574.000 денари. Додека остварениот износ во 2019 година бил 1.480.023.000 денари.

Крајниот резултат по оданочување е позитивен и изнесува 511.377.000 денари (8, 3 милиони евра). Иако тоа претставува намалување за 58.69 отсто во однос на претходната година кога остварената добивкабила речиси дупла, 1.237.782.000 денари.

Оперативните расходи изнесуваат 862.049.000 денари. Тие и се пониски за 5,17 отсто во однос на 2019 година. При што евидентирано е намалување на трошоците за материјали и суровини за 1,74 отсто. Додека кај расходите за вработени има намалување за 4,47 отсто.

Трошоците за надворешни услуги се намалени за 26,66 отсто. Трошоците за амортизација изнесуваат 139.298.000 денари и тие се повисоки за 33,31 отсто во однос на 2019 година.

Компанијата акумулираните добивки остварени до 31 декември 2019 година во износ од 494.456.000 денари ги распредели за исплата на дивиденди. Во периодот заклучно со 31 декември 2020 година Друштвото исплати дивиденди на своите акционери во вкупен нето износ од 489.050. 000 денари и 5.307.000  денари данок на исплатени дивиденди.

Кредитните задолжувања на Друштвото во периодот од јануари до декември 2020 година бележат намалување за 9.488.000 денари во однос на последните годишни финансиски извештаи.

Последици врз Друштвото од пандемиската криза

Во текот на 2020 година Друштвото со цел да го заштити здравјето на своите вработени и соработници, превзеде орагнизациски и технички активности кои овозможија континуитет во работењето на Друштвото.

Во насока на намалување на последиците од намалената продажба, се воведоа алтернативни начини за презентирање на производите на купувачите/инспекторите. Наместо физичко присуство на купувачите, се воведоа интернет алатки и технологија, како што се високо квалитетни фотографии/видеа и телеконференции.

Со цел да се заштитат вработените, Друштвото примени мерки за зголемување на социјалната дистанца за време на работењето, двојно ги зголеми превозните средства за превоз на вработените, промовира и организира работа од дома, секаде каде што тоа беше возможно.

   Друштвото претрпе значајни последици поради Covid -19 пандемијата.

  • Намалувањето на продажбата, главно се должи на глобалната рецесија. Пред ширењето на мерките против пандемијата, беше потребно физичко присуство на купувачите за проверка и избор на производите.
  • Намаленото производство делумно се припишува и на намалената работна сила поради ослободување од работни задачи на одредени категории на вработени согласно препораките и мерките на Владата за спречување на внесување и ширење на коронавирусот Ковид-19.
  • Доцнење во спроведувањето на инвестицискиот план, набавка на опрема, потрошен материјал, резервни делови и др.

Планови: Побарувачката на производи од мермер е директно поврзана со растот на економијата. Глобалното делумно или целосно стопирање на фабриките и градилиштата доведе до застој на глобалната економија. Од таа причина, не може да се проценат изгледите за 2021 година, бидејќи тие зависат од степенот на глобалната рецесија.

 

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.