ММФ прогнозира раст на светската економија, но и на цената на нафтата. Меѓународниот монетарен фонд ја ревидираше својата прогноза за глобален економски раст по втор пат во рок од три месеци. Истовремено предупреди на драматично зголемување на нееднаквоста меѓу развиените и земјите во развој.  Ова е наведено во Светскиот економски преглед на ММФ, објавен во вторникот, првиот ден од традиционалната пролетна сесија на ММФ и Светска банка.

ММФ прогнозира раст на светската економија, но и на цената на нафтата

Раст на светската економија за шест проценти

Според новите проценки на ММФ, глобалната економија годинава ќе се зголеми за шест проценти. Проценката на Фондот во јануари беше дека глобалниот раст ќе биде 5,5 проценти. Ова се чинеше како добра вест со оглед на глобалниот пад од 3,3 проценти минатата година. Предвидување што беше најлош економски резултат од Големата депресија, на почетокот на дваесеттиот век до сега.

Во Извештајот, исто така се проценува дека глобалната трговија, која опадна за 8,5 проценти лани, годинава ќе порасне за 8,4 проценти. Додека во 2022 година за 6,5 проценти. ММФ предвидува и дека цените на нафтата ќе пораснат за 41,7 проценти во 2021 година.

Земјите во развој потешко погодени од пандемијата

Во извештајот на Фондот се забележува дека штетата предизвикана од пандемијата ќе биде помала оваа и во наредните години. Сепак е јасно дека земјите со пониски примања и земјите во развој ќе бидат потешко погодени. Според експертите на Фондот, ова е една од разликите во споредба со 2009 година. Тогаш најбогатите земји го почувствуваа најтешкиот економски удар.

Соединетите Држави планираат нешто поголем раст од претходно предвидениот. Проценката е дека таа и понатаму ќе биде водечка економија во светот. Оваа година се проценува дека американскиот БДП ќе го достигне нивото од пред-пандемијата. Ефектите од стимулативниот претседателски  пакет од 1,9 милијарди долари ќе придонесат најмногу за тоа.

Да потсетиме, ММФ минатиот месец објави дека Кина веќе го достигна нивото што го имаше пред пандемијата во однос на економскиот раст.

Сепак, Фондот предупредува дека креаторите на фискална политика треба малку да ја намалат буџетската поддршка на нивните компании и граѓани. Целта е да се избегнат „фискалните карпи“ (моментот кога е неопходно поради одржливост на буџетот да се намалат државните давачки и да се зголемат даноците).

Според проценката на Фондот, централните банки треба да дадат прецизни соопштенија за идната монетарна политика. Така ќе се намали ризикот од нарушувања на протокот на капитал.

Секако, приоритет на сите земји во расходите во иднина, според Фондот, треба да бидат инвестициите во здравствената заштита, за побрзо да се победи пандемијата.

Во 2022 година раст од 4,4 отсто

За 2022 година, Фондот предвидува глобален раст од 4,4 проценти. Односно прогнозата е ревидирана од претходната проценка на растот од 4,2 проценти. Економиите на земјите во развој нема да ги достигнат тие нивоа до 2023 година. Ним ќе им треба повеќе време за тоа. Меѓутоа, светската економија ќе има околу три проценти помалку раст во 2024 година отколку што се очекуваше пред избувнувањето на пандемијата.

„Анализите укажуваат на сериозни предизвици поврзани со разликите во брзината на закрепнување, како во различни земји, така и во нив, што е потенцијал за трајна економска штета од кризата“, се вели во штотуку објавениот извештај на Фондот.

ММФ малку ја зголеми прогнозата за растот на еврозоната за 2021 година, на 4,4 проценти, со образложение дека Европа треба да ги почувствува придобивките од американскиот план за поттикнување на пандемијата. Прогнозата за економски раст за еврозоната е за 0,2 процентни поени повисока од прогнозата од јануари.

Додека американската економија, според новата прогноза, годинава ќе порасне за 6,5 проценти или 1,3 проценти повеќе од предвидуваните во јануари. Шпанската економија треба да порасне за истиот процент.

Франција, која ги ревидираше своите проекции деновиве, може да ја заврши годината со економски раст од 5,8 проценти, според проценката на Фондот.

Британија, која го напушти единствениот европски пазар на почетокот на јануари, како и Соединетите држави, ќе го почувствува закрепнувањето побрзо благодарение на побрзата масовна вакцинација отколку во ЕУ. Британскиот БДП треба да се зголеми за 5,3 проценти оваа година. Тоа претставува раст за 0,8 процентни поени повеќе отколку предвидувањата во јануари.

Меѓутоа, за еврозоната и Велика Британија, економската активност годинава  ќе остане под нивото како што беше на крајот на 2019 година. Така ќе остане до 2022 година, проценува ММФ.

„Специјални права за влечење“ за ликвидност

ММФ прогнозира раст на БДП за земјите во развој се 6,7 проценти за оваа година. И пет проценти за 2022 година. Меѓу земјите во развој, проценката на ММФ покажува дека најголем раст во 2021 година се очекува во Индија и Кина, со 12,5, односно 8,4 проценти.

Следуваат, Турција со шест проценти, Мексико со пет проценти. Потоа, Русија со 3,8 проценти, Бразил со 3,7 проценти, Јужна Африка со 3,1 процент. Под три проценти се Саудиска Арабија со 2,9 проценти и Нигерија со 2,5 проценти.

Како што е најавено, фокусот на овогодинешниот пролетен состанок на ММФ ќе биде распределбата на 650-те милијарди долари на Фондот. Средства познати како „специјални права за влечење“. Со овие средства  треба да се зајакне глобалната ликвидност. Воедно да им помогнат на земјите во развој и со ниски примања во борбата против растечкиот долг предизвикан од здравствена криза.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.