Намален бројот на доктори на науки, магистри и специјалисти. Државата во изминатата година добила нови 174 доктори на науки. Но, сепак, тоа е помалку за околу 15 отсто во споредба со 2019 година. Сублимираните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2020 година се намалил бројот на доктори на науки, магистри и специјалисти. Звањето магистер и специјалист го стекнале 1.758 лица. Од кои 1 533 се магистри а 225 се специјалисти. Споредбено со 2019 година, нивниот број е намален за 8,2 проценти. Според полот, жените магистри учествуваат со 58 проценти.

Намален бројот на доктори на науки, магистри и специјалисти

Општествените науки се уште доминантен избор, наспорти потребата на пазарот  

Најголем број од оние кои се стекнале со звањето, доктор се во областа на општествените науки или 40 отсто. Потоа, следуваат медицинските науки, каде докторирале 27 проценти. Следуваат хуманистичките науки со нецели 14 отсто, а послаб интерес има во облста на техничко-технолошките, природно – математичките и биотехничките науки.

Податоците покажуваат и дека според полот, поголем број жени се стекнале со докторска дисертација. Нивниот број е 99 што е повеќе од една половина од вкупниот број докторанти.

Со звањето магистар на науки и специјалист во 2020 година се стекнале 1758 лица. И во овој сегмент доминираат жените. Најголемиот дел од магисерските трудови 967 се од општествените науки, бројот од природно – техничките е помал.

Во минимална мерка, застапени се и хуманистичките, биотехничките и медицинските науки.  Најголем дел од сите оние кои достигнале поголем степен во образованието – работат во образование.

Колку докторите на науки лесно наоѓаат работа?

Официјалните податоци на Агенцијата за вработување на Македонија покажуваат дека 159 608 лица се водат како невработени. Од нив, 31 се доктори на науки, а 974 се магистри. Од вкупната бројка доктори на науки, 12 се жени. Ако се погледне подлабоко според местоположбата, со највисоко звање немаат вработување во Скопје – 11, потоа Тетово и Битола по четири и во Штип, тројца чекаат вработување.

Во главниот град, покрај 11 доктори на науки, 262 се магистри, 2786 имаат високо образование, а 140 вишо образование.

Кога станува збор за магистрите кои бараат работа, од 974, поголемиот дел отпаѓа на жените или 577 кои немаат работа. Вкупно 13 174 лица со високо образование не се во работен однос, а и од нив 8 436 се жени.

Во моментот, на страницата на Агенцијата за вработување има слободни 6 079 работни позиции. По општини, бројот на невработени лица кои се распределени по центрите за вработување е најголем во главниот град. Односно во Скопје има 31 939 невработени. Потоа, следуваат Тетово, Куманово, Гостивар, Прилеп, Струмица, Битола и Велес.

Трендовите едни, потребите на бизнисот други

Бизнис секторот во земјава, со години наназад алармира за недостаток од мајстори, градежни работници или она што се нарекува занает. Она што го нагласуваат стопанствениците, е дека во Македонија се фаворизираат факултетите, наместо стручните школи. Додека инсдустријата бара инжењери, технолози и други стручни занимања, младите доминантно запишуваат општествени науки.  А токму нивната невработеност е поголема кај оние од 30-64 години. Се чека да се добие работно место за образованието кое е стекнато, кое не го наоѓаат, за на крај да работат надвор од струката.

 

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.