„Некстсенс“ е македонска компанија која веќе две декади е посветена на развој на иновативни технологии и водење на организациите низ процесот на дигитална трансформација. ИТ решенијата која ги произведува комапнијата ги користат многубројни клиенти. Од компании се’ до институции ширум светот, во Европа, Азија и Африка.

Мартин Костовски е software developer во компанијата, кој повеќе од 10 години работи на изработка на владини решенија, е-влада, „Службен весник“… Но, како што вели, фокусирани се и на други пазари. Односно развивање на софтвери и продукти за дигитални потписи, дигитализација на документи и целокупни процеси за администрацијата која има потреба.

Костовски се обрати на панел дискусијата “Твојата кариера во 2022 година”, на која беа бидат присутни претставници од компании и се дискутираше околу очекувањата и кариерни можности за 2022 година.

Начинот на размислување за започнување кариера 

„Мајдсетот е круцијална работа за развојот на кариерата. Техничкиот дел се учи, се назначува ментор, се учат работите. Но, начинот на размислување прави подем во кариерата и начинот гледање на работата. Потребна е амбициозност, желба за вработување не заради плата, туку заради знаење. Младите се фокусираат да се вработат и ги споредуваат работите од една до друга компанија според платите. Тоа е една јамка која најчесто развива погрешни убедувања на луѓето, тоа е погрешен пристап. Многу е битно, да се најдеш во вистинско место во компанија која дава знаење. Најголема среќа за млад човек е да му се погоди менторот“, смета Костовски. 

Според Костовски, многу е битно кога ќе се вработи кандидатот во одредена компанија, тоа да биде на подолг период. Практично искуство не е секаде потребно, односно кандидатот да мора да има изработени проекти за потенцијално да влезе во фирма. За почеток, како што вели Костовски, најбитни се желбата за знаење и ентузијазмот.

„Исто така, тука е и харизмата. Техничкиот дел е само еден дел од карактерот на личноста. На крајот од интервјуто ако сме задоволни од кандидатот во однос на техничкото знаење, доколку се бара, си го поставуваме прашњето „дали јас со овој кандидат би излегол на кафе и би ми било пријатно во негово друштво и сакам да работам со него“. Доволни се основни познавања од факултет и желба за напредок. Клучно е секој кандидат да си го постави прашањето „Дали јас ова би го работел ова, дури и да не ме плаќаат за тоа?“. Ако одговорот е “да“, тоа значи дека сме ја одбрале вистинската работа за која сме аплицирале“, потенцира Костовски. 

Неговиот став е дека формалното образование за четири години е само повеќе дава информација за што постои, да студентите да можат да тргнат по некоја патека. Без оглед дали кандидатот дипломирал или се уште студира, зависи од квалитетот и амбициите.

„Голема среќа е доколку кандидатот што порано знае што сака да работи по завршување на факултетот. Штом тоа го дознае е постигната целта. Од друга страна, постојат платени платофми кои нудат професионални предавачи кои ги воведуваат во технологиите што сакаат да ги учат. Јас особен развој давам за развој на т.н. меки вештини во профилот на човекот. Од комплетноста на профилот на вработен – 75% се меки вештини, а 25% се техничките делови. Тие се битни и во контекст справувањето со непредвлидливи рокови, поддршка на тимот, работа под притисок и рокови“, дециден е Костовски. 

„Некстсенс“- бренд препознатлив во светот

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.