Охридска банка со намалена добивка за 73 отсто на 1,1  милиони евра.Оперативната добивка на банката пред оданочување за 2020 година изнесува 71,3 милиони денари (1.159. 349 евра). Таа е намалена за 73  отсто споредено со истиот период претходната година. На остварениот резултат големо влијание имаа отежнатите услови за работење во услови на глобална пандемија, зголемениот конкурентски притисок на пазарот во делот на активните каматни стапки и ограничените пазарни можности за соодветно компензирање во делот на пасивата што има негативно влијание на намалувањето на нето каматната маргина. Вака на Охридска банка АД Скопје ги коментира своите финансиски резултатиза 2020 година во анализата објавена на Македонска берза.

Охридска банка со намалена добивка за 73 отсто на 1,1  милиони евра

Остварување на билансниот план од 108 отсто

Билансот на состојба на Банката на крајот од 2020 година изнесува 45.302 милиони денари. Споредено со крајот на 2019 година, тој е на повисоко ниво за 2.968 милиони денари или за 7,0 отсто. И со остварување на планот од 108 отсто, со најголем придонес од порастот на депозитите и повлечени средства по основ на кредитни линии од финансиски институции.

Депозитите на клиентите се најзначаен извор на средства за финансирање на активностите на Банката. Тие учествуваат со 67,9  проценти во вкупната пасива. И тие споредено со крајот на 2019 година бележат пораст од 2,8  отсто и реализација на планот од 96,9  проценти.

Депозитите од правни лица учествуваат со 56,3 отсто во вкупните клиентски депозити. И споредено со крајот на претходната година, бележат зголемување од 3,8  проценти.Во овој сегмент најголеми промени има кај тековните сметки кои се зголемени за 2.652 милиони денари. Додека орочените депозити бележат намалување од 2.094 милиони денари.

Депозитите од населението учествуваат со 43,7  отсто во вкупните клиентски депозити. Споредено со 2019 година, депозитите се зголемени за 1,5  отсто, со слична структура на промени од рочен аспект како кај правните лица. Односно депозитите по видување бележат пораст од 993 милиони денари,  додека орочените депозити се намалени за 602 милиони денари.

Депозитите од банки бележат зголемување за 732 милиони денари. Односно 55  проценти споредено со крајот на 2019 година како резултат на краткорочно орочените депозити од матичната банка.

Средствата од меѓународните финансиски институции со износ од 5.057 милиони денари, имаат учество во вкупните обврски од 9,5 отсто. Во нив се застапени кредитните линии од ЕИБ, ЕБРД, Развојна банка на С.Македонија, ГГФ, ЕФСЕ. И тие споредено со крајот на 2019 година бележат зголемување за 25,5 проценти. Порастот е резултат на новоповлечените средства од кредитната линија од ЕИБ.

Акционерскиот капитал и резервите на Банката достигнаа износ од 5.273 милиони денари. Тие бележат зголемување за 16,4  проценти споредено со крајот на 2019 година. Тоа е пред се резултат на реализирана приватна понуда на хартии од вредност на институционалниот инвеститор „ Штаермеркише Банк и Шпаркасен АД . Вкупната продажна вредност е во износ од 615 милиони денари. На зголемување на капиталот влијае и алокацијата на профитот на Банката од претходната година како нераспределена добивка и резерви, што е во согласност со планот на Банката за јакнење на капиталната основа во функција на поддршка на порастот на комерцијалните активности на Банката.

Кредитите кај правните лица, намалени-кај физичките во нагорен тренд

Охридска банка на страната на активата, во најголем дел од расположливите средства се алоцирани во комерцијални пласмани на клиенти, кои учествуваат со 67 отсто. Потоа следуваат паричните средства и парични еквиваленти кои учествуваат со 25,3  проценти. Па, пласманите во хартии од вредност со 5,2  отсто и другите средства со 2,5  проценти.

Вкупните бруто-кредити на комитентите на крајот од 2020 година изнесуваат 32.513 милиони денари. Од нив 55,2  проценти се кредити на правни лица, а 44,8 отсто се кредити на физички лица. На годишно ниво, вкупните кредити на комитентите се зголемени за 1,584 милиони денари или за 5,1  отсто и се во линија со планираниот износ за 2020 година.

Кредитите на правни лица бележат намалување од 47,3 милиони денари. Тоа  е резултат на предвремено ликвидирање на кредити заради зголемена ликвидност на одредени правни лица. Рефинансирање од страна на други банки по поволни услови дури и за компании со повисок ризичен профил. И предвремено ликвидирање на кредити на барање на Банката поради усогласување со групациски ризик барања.

Кредитите на физичките лица бележат континуирано стабилен нагорен тренд. И во 2020 година бележат зголемување за 1.445 милиони денари. При тоа најзначаен е придонесот на два типа кредити: потрошувачки и станбени.

Пласманите во ликвидната актива се во согласност со ликвидносните потреби на Банката. Имајки го предвид рочниот и валутниот аспект на средствата и на изворите, одржувањето на нивото на задолжителната резерва, со соодветно запазен профитабилен аспект.

Паричните средства и паричните еквиваленти се зголемени во однос на минатата година за 124 милиони денари, при што во текот на годината се користат сите расположиви краткорочни инструменти за пласман, во најголем дел во расположив депозит кај НБРСМ.

Пласманите во благајнички записи на крајот на 2020 година изнесуваат 573 милиони денари и бележат значајно намалување од 64  отсто споредено со претходната година поради промената на волуменот на аукциите на Благајничките записи од страна на НБСРМ.

Вложувањата во хартии од вредност изнесуваат 2.370 милиони денари и бележат значајно зголемување од околу 1.181 милиони денари. Во најголем дел од пренасочување на расположивата ликвидност, од пониско ниво на благајнички записи, поради промена на начинот на аукции и запишување, и вложување во други видови на хартии од вредност.

Намалувањето на добивката –резултат на пандемиската криза

 Оперативната добивка на банката пред оданочување за 2020 година изнесува 71,3 милиони денари (1.159. 349 евра). Таа е намалена за 73  отсто споредено со истиот период претходната година. На остварениот резултат големо влијание имаа отежнатите услови за работење во услови на глобална пандемија, зголемениот конкурентски притисок на пазарот во делот на активните каматни стапки и ограничените пазарни можности за соодветно компензирање во делот на пасивата што има негативно влијание на намалувањето на нето каматната маргина.

Значајно влијание има и намалувањето на каматните приходи од пласмани во благајнички записи поради значително пониската каматна стапка што соодветно влијаеше на намалување на волуменот.

Последиците од кризата поврзани со пандемијата имаа негативно влијание и на нето приходите од провизии и нето приходите од курсни разлики, a дополнително по основ на оперативни трошоци има ефект и од миграциските процеси.

Нето-приходите од камати на крајот од 2020 година изнесуваат 1.084 милиони денари. Тие во однос на 2019 година се намалени за 25,3 милиони денари, или за 2,9  тсто со реализација на планот од 95,6  проценти. Реализацијата на нето каматните приходи во најголем дел е под влијание на значителниот пазарен притисок. Посебно кај пласманите кај секторот компании. Што пак  допринесе за пад на активните каматни стапки за кој пазарните услови не дозволуваат истиот да биде соодветно компензиран на страната на изворите на средства. Потоа, помалиот износ на запишани хартии од вредност согласно одлуката на Народна банка за намалување на износот кој деловните банки може да го запишат во благајнички записи. И намалената каматна стапка и на благајничките и на државните записи што влијаеше на намалување на обемот.

Нето-приходот од провизии и од надоместоци, во износ од 298 милиони денари, е намален за 36,2 милиони денари. Односно за 10,8  проценти во однос на 2019 година со реализација на планот од 89,7  отсто. Приходите од провизии и надоместоци бележат намалување од 27,5 милиони денари. Главно поради намалениот обем на активност, посебно во делот на работењето со правните лица и ослободувањето од дел од провизија со цел стимулирање електронски комуникации како дел од мерките за превенција на здравјето на вработените и клиентите во услови на глобална ковид 19 пандемија.

Охридска банка кај трошоците за провизии и за надоместоци бележи зголемување за 8,6 милиони денари на годишно ниво. Поголемо влијание на ова имаа активностите поврзани со картичното работење. Односно зголемен обем на електронски трансакции и дополнителни надоместоци поврзани со интеграциските процеси како и надоместоци за регулаторни процедури поврзани со емисијата на хартии од вредност.

Нето-приходот од курсни разлики изнесува 124 милиони денари и во однос на претходната година е намален за 27 милиони денари или 17,8  отсто. Пред се, поради значајно намален обем на активности на девизниот пазар и на страна на понудата и на побарувачката поврзано со ковид 19 кризата.

Другите приходи изнесуваат 44 милиони денари и во споредба со 2019 година се намалени за 86,4 милиони денари. На нив најзначаен е ефектот од намалувањето на остварениот приход од отстапување на претходно отпишани побарувања. Исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа на крајот од 2020 година изнесува 655 милиони денари и споредено со истиот период во 2019 година, бележи намалување од 30 милиони денари .

Вкупните оперативни трошоци во 2020 изнесуваат 823,3 милиони денари и се во линија со планираниот износ.Тие споредено со претходната година, бележат зголемување од 47 милиони денари. Во најголем дел поради зголемените трошоци за картично работење, ревизорски и консултански услуги поврзани со миграциските и интеграциски процеси.

Недвижностите и опремата на крајот од декември 2020 година изнесуваат 710 милиони денари и се намалени за 46,3 милиони денари или 6,1  отсто во однос на минатата година. Тоа е резултат на извршениот отпис на основни средства ( софтверско решение за електронско и мобилно банкарство, е-маил сервисните алатки, софтвер за анти-фрод решение и ИФРС 9 групациска алатка) за кои согласно со проектот на миграција се изврши целосно оутсорсирање.

 Промени во кредитните задолжувања

Обврските по кредитни линии на крајот од декември 2020 година изнесуваат 5.057 милиони денари, односно бележат зголемување од 1.029 милиони денари споредено со крајот на минатата година. Порастот е резултат на новоповлечените средства од програмaта за финансирање на зелена економија (GEFF) на Европската Банка за Обнова и Развој. И во најголем дел од кредитната линија на рамковниот договор за учество во програмата за кредитирање на мали и средни претпријатија и други приоритетни проекти V од Европската Инвестициона Банка (ЕИБ).

Охридска банка во текот на годината, со цел подршка на комерцијалните активности на подолг рок, користеше средства во износ од 10 милиони евра со рок на враќање од 10 години од матичната банка.

Банката во континуитет ги зацврстува позицијата на пазарот и понудата на производи наменети за кредитирање на стопанството и населението поддржани со производи од странски кредитни линии.

Очекувања за следниот период

Во ноември 2019 година успешно беше завршен процесот на превземање на Охридска банка, со што Банката стана дел од реномираната Штајермеркише Банк и Шпаркасен, АД Грац, Аустрија и пошироко Ерсте групација.

Согласно стратегијата на групацијата предвидено е интегрирање на двата субјекта. Целта е да се зајакне присуството на локалниот пазар. Дотолку повеќе  што Охридска банка и претходно беше дел од силна меѓународна финансиска групација со слична деловна стратегија. Стандарди за професионализам и стабилен банкарски модел. Потоа, високо ориентирана кон клиентот и препознатливост на пазарот и високо ниво на задоволство на клиентите. Параметри, кои се вклопуваат со стратегијата на Групацијата Штермеркише Банк и Шпаркасе.

Големината на финансиските институции станува есенцијален фактор за успех, особено во услови на сегашните трендови на дигитализација и автоматизација на финансиски услуги.

Флексибилноста и способноста за приспособување претставуваат нови карактеристики кои финансиските институции треба да ги поседуваат со цел да бидат способни да се соочат со предизвиците што ги носи дигиталната ера, преку различни форми на партнерства, спојувања и аквизиции.

Интегрираниот ентитет се очекува да има зголемен капацитет за кредитирање. Пред се да може да сервисира поголем дел од потребите за кредитирање на водечките компании. И главно со својата стручност и пристап да биде локална подршка за нивниот бизнис и природен партнер на меѓународните и компаниите од ЕУ.

За клиентите физички лица, како и малите и средни претпријатија ќе продолжат да се развиваат модерни и дигитални банкарски производи. А исто и целосен фокус на квалитетот на услугата за клиентите.

Најголемите придобивки се очекува да бидат резултат на економијата од обем и додадената вредност. Имено, ефектите на синергија се проценуваат како деловни и финансиски, со тоа што деловната синергија е резултат на потенцијалот за намалување на трошоците – директна последица на економија од обем.

Стратешки цели за наредниот период

– Зголемување на комерцијалните активности (превземање на нови клиенти и задржување на постојните, кредитен и депозитен раст).

– Зголемување на продажбата преку надградување на постојните и воведување на нови продажни канали.

– Позиционирање како референтна банка за сите сегменти на клиенти

– Зголемување на квалитетот како клучна стратешка цел

– Иновација, симплификација, дигитализација, автоматизација.

– Навремено и успешно усогласување со локалната банкарска регулатива -групациските правила и најдобрите банкарски практики.

– Рационализација, зголемена ефикасност, контрола на трошоци и заштеда.

Оценките за периодот 2021- 2023 се продолжени ефекти од пандемијата. Но, секако клучно влијание ќе има времетраењето на пандемијата при што акомодативната монетарна политика се очекува да биде задржана и во 2021. Продолжените ефекти се очекува да бидат присутни поинтензивно во првата половина од 2021 година, додека потоа се очекува да следи закрепнувањето.

Прудентното управување со ризиците, особено кредитниот ризик и понатаму останува императив за Банката да генерира квалитетно портфолио и приходи од камата, секако со поголема диверзификација на приходите.

Поддршката на дигитална и зелена економија ќе бидат приоритет и се очекува дека овие приоритети ќе придонесат кон надминување на кризата и дополнителен развој на економијата во целина.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.