Претставена нова, супериорна заштитна маска
Во Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје, во присуство на повеќе ТВ медиуми, Националната Асоцијација на Пронаоѓачи на Македонија (НАИМ) одржа прес конференција по повод на ново-патентирана заштитна маска за повеќекратна употреба.
Со овој вид на ново патентирана заштитна маска се решава проблемот на не-популарноста на носење на досега произведуваните заштитни маски.
Имено, при користење на до сега познатите маски, при секое вдишување се вдишува и дел од издишаниот воздух, кој останува помеѓу маската и лицето. Овој веќе без-кислороден воздух содржи и извесна количина на CO2, што при подолго носење доведува до по брз умствен и физички замор, со што се создава одбојност кон маските.
Новото техничко решение овозможува, да воздухот се вдишува низ платното низ нос, а се издишува низ, орални стерилни изменливи издувници и пластични канали, директно во посебни џебови, вградени во маската.
Овој патент е одговор на НАИМ на апелот, упатен од страна на Претседателот на IFIA D-r Ali Reza Rastegar до сите национални асоцијации на пронаоѓачи да се вклучат во борбата против Ковид 19, чија полноправна членка е и НАИМ.
Презентацијата ја одржа Претседателот на НАИМ Мирко Узелац.