„Рамстор“ на продажба,  оди во рацете на „Сити Плаза ДОО“. Се продава ланецот маркети, како и трговскиот центар „Рамстор“. А, како што соопштија турските сопственици „Мигрос Тиџарет“, веќе е потпишан преддговор со компанијата „Сити Плаза ДОО“.

„Рамстор“ на продажба,  оди во рацете на „Сити Плаза ДОО“

– Компанијата „Сити Плаза ДОО Скопје“ почна преговори за откуп на  100 отсто од акциите на подружницата „Рамсторе Бугарија ЕАД“, која поседува 99 отсто од акциите на „Рамстор Македонија“, се наведува во соопштението на турски „Мигрос Тиџарет“.

Сопственик на компанијата „Сити Плаза ДОО“ е Ајдован Адемовски. Тој е и претседател на Македонско-Турска стопанска комора во Македонија (МАТТО), почесен конзул на Турција, сопственик на  трговскиот центар „Капитол мол“ и на хотелот „Хилтон“ во Скопје.

„Рамстор“ во Макеоднија започна да работи во 2005 година како дел од „Мигрос Тиџарет“ А. Ш. Тој е еден од најголемите ланци на маркети во областа на малопродажбата во Турција. Во Македонија, „Рамстор“ ги нуди своите услуги во шест градови со вкупно 21 маркети и еден трговски центар во Скопје. Во трговскиот „Рамстор“ во Скопје има околу 90 избрани продавници и брендови на простор од 25.000 метри квадратни.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.