Револуционернa ткаенина што облеката ја претвора во компјутер. Научниците развија паметен текстил што потенцијално може да ја промени иднината и на екраните и на облеката. Во прашање е првото платно што може да има голем и функционален дисплеј и, во исто време, да има улога на облека и да се носи.

Ткаенините развиени во лабораториите на научниците во голема мера се како повеќето други видови платно: тие се флексибилни,  прозрачни и издржливи, што им овозможува да се користат за разни намени. Можат да се перат и да се носат без страв од оштетување или остарување, пренесува Independent.

Револуционернa ткаенина што облеката ја претвора во компјутер

Ткаенините во блиска иднина ќе имаат својства на паметни уреди

Покрај тоа, овие ткаенини се електронски и се однесуваат како екран. Постои можност тастатурата за допир и напојување, кои исто така се изработени од ткаенина, да можат да бидат вградени во парче платно. На овој начин, ткаенината се „трансформира“ во компјутер.

Истражувачите демонстрираа како ткаенината може да прикажува интерактивна мапа. А,  може да се користи за испраќање или примање говорни пораки со паметен телефон поврзан преку Bluetooth-врска.

Одделни осветлени парчиња формираат влакна што имаат својства на спроводници и се среќаваат на точките на контакт во ткаенината.

Дури и по илјада свиткувања, истегнување и пеглање, повеќето единици сè уште биле употребливи како дел од екранот, тврдат истражувачите. Научниците исто така ја изложиле ткаенината на перење и сушење 100 пати, по што таа и понатаму „работела“.

И порано имало обиди да се направат ткаенини кои би биле дополнување на паметните уреди. А, научниците успеале да направат такви што имаат својства на сензор или да испорачуваат електрична енергија.

Меѓутоа, новата ткаенина претставува револуционерен чекор, бидејќи тоа е првото платно што може да има голем и функционален дисплеј и истовремено да има улога на облека и да се носи.

Револуционернa ткаенина што облеката ја претвора во компјутер

Шест метри дисплеј

Прчето текстил што го направија истражувачите е долго шест метри и широко 25 сантиметри. Има дисплеј кој содржи 5 × 105 електролуминисцентни единици оддалечени од приближно 800 микрометри.

Ткаењето на проводни ткаенини и луминисцентни искривувачки влакна формира електролуминисцентни единици во размер на микрометри во точките на контакт од ткаенината. Осветленоста помеѓу електролуминисцентните единици отстапува за помалку од  осум проценти и останува стабилна дури и кога текстилот е свиткан, растегнат или притиснат. Како што наведуваат неговите креатори, дисплејот се шири на целата површина додека материјалот може да се користи на начинот на кој сме навикнати.

Примарната употреба што ја покажаа истражувачите е во областа на здравството. Затоа што им овозможува на луѓето кои инаку имаат потешкотии во комуникацијата, да го сторат тоа преку облека.

Истражувачите истакнаа дека ткаенината може да се поврзе така што да прима сигнали од мозокот. Тие потоа може да се анализираат за да се разбере како лицето се чувствува. А, потоа пораката да се покаже на предниот дел од облеката.

Не е тешко да се замисли како ткаенината може да се користи за естетски цели. Дотолку повеќе ако земеме предвид дека многу компании веќе се обидуваат да ја интегрираат технологијата во нивната облека.

Напис со резултатите од овој проект: „Текстил за големи дисплеи интегриран со функционални системи“ (Large-area display textiles integrated with functional systems) беше објавен во списанието Nature.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.