Регистар на „е-продавници“ за безбеден шопинг на купувачите. Асоцијацијата за „е-трговија“ ја лансираше платформата за онлајн регистар на електронски трговци. Со увид во оваа дата база на компании, граѓаните ќе можат лично да проверат пред да нарачаат – дали станува збор за регистрирана онлајн продавница.

Профили на онлајн продавници

Објавениот регистар опфаќа широк спектар на дејности. Туристички агенции, бутици, спортски продавници, осигурителни компании, голем број онлајн продавници, достава на храна до дома. Тука можат да се најдат и компании за одржувње хигиена, книжарници, салони за убавина, салони за мебел, земјоделски аптеки, хотели.

Регистар на „е-продавници“ за безбеден шопинг на купувачите

„Анторис“ ви издвојува дел од оние кои се познати или помалку познати во јавноста.

– Веб страници за онлајн продажба (pazar3.com.mk,) grouper.com.mk) (reklama5.mk)

– осигурителни компании(halkinsurance.mk), (osiguritelnapolisa.com.mk). (mk.sava.insure)

– спортски продавници (sport-m.com.mk) (runners.mk) (sportikum.com.mk), (dsport.mk)

– туристички агенции (turist.com.mk) (atlantis.mk), (vistaturs.mk), (aurora.mk)

– бутици (signori.mk), (tudors.mk), (e-butik.mk), (istyle.mk), (fashiongroup.com.mk)

– е- продавници за нарачка на книги (knigoholicari.com.mk), (trimaks.mk), (kniga.mk) и многу други.

Забрзан раст на е-трговијата

Во долгата листа се наоѓаат само оние е-трговци кои се регистрирани во една од петте банки кои имаат електронско плаќање. Тоа се Комерцијална банка, Халкбанк, Стопанска банка а.д. Скопје, НЛБ банка и Уни банка. Ако компанијата е регистрирана надвор од државата, тогаш не може да биде дел од листата.

„Пандемијата со ковид-19 создаде голем број можности за забрзан раст на е-трговијата. Но, од друга страна и многубројни предизвици за е-трговците. На интернет, се повеќе се присутни нерегистрирани продавачи кои нудат производи на продажба преку социјалните мрежи. Тоа е нелојална конкуренција и е на штета на регистрираните онлајн продавници. Дополнително, при нарачката од социјалните медиуми не се добива фискална сметка, со што потрошувачите не можат да ги остварат правата за заштита. Односно, можност да го вратат производот ако не се задоволни или да го заменат.

Ваков тип на нарачки се дел од сивата економија во државата и ги нарушува работничките права, се избегнуваат даночните обврски со што се создава нелојална конкуренција. Штетна е за сите граѓани бидејќи го намалува квалитетот на јавните услуги, а немаат и никаква гаранција дека стоката е исправна“, велат од Асоцијацијата.  

Нарачувањето преку социјалните мрежи, може да биде ризично, велат познавачите

Колку Македонците купуваат преку интернет?

Анализите на електронската трговија во пандемиската 2020 година покажуваат дека речиси половина Македонци нарачуваат преку пораки на социјалните мрежи. Нивното образложение е дека тој начин е ем полесен, ем побрз. Речиси половината од анкетираните буквално никогаш не добиле фискална сметка при купувањето. Само една третина рекле дека некогаш и добиле. Иако во голема мера купувачите ги знаат ризиците за ваквите нарачки, дека немаат правна заштита како купувачи, сепак се согласуваат да одат на ризик. Овие податоци се дел од анкета спроведена на речиси 3 000 испитаници.

(Не)заштитени потрошувачи

Во суштина, постојат два вида продажба преку интернет – легална и нелегална. Ако купувате преку Фејсбук од регистрирана компанија и плаќате со картичка, тогаш како потрошувач сте заштитени. Ако не сте задоволни од производот, можете да пријавите во Државниот пазарен инспекторат. Но, во случај кога компанијата не е регистрирана, тогаш како потрошувач не сте заштитени.

До Организацијата за заштита на потрошувачи, официјално, се пожалиле само 200 граѓани за ваков тип на измами. Иако, бројката е многу поголема, сметаат од институцијата. Но, не можат да бидат пријавени, бидејќи измамниците кои немаат фирми, најчесто ги блокираат потрошувачите, со што не постои начин како да ги идентификуваат.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.