„Рено“ подготвува електрична „четворка“ во ретро стил. Францускиот производител ќе ја искористи безвременската популарност на моделот „Рено 4“ за својата електрична офанзива.

„Рено“ подготвува електрична „четворка“ во ретро стил

Кон средината на јануари, „Рено“ го претстави концептот 5 EV инспириран од оригиналната „петка“. Слична судбина ќе доживее уште еден познат модел од историјата на француската компанија.

 60 години

Класичниот „Renault 4“, којшто годинава го слави својот 60-ти роденден, ќе ја добие својата модерна електрична верзија. Дизајнот на тој автомобил исто така се очекува да биде во ретро стил.

Renault сè уште не излезе со официјални информации за овој електричен модел, но AutoCar пишува дека добил потврда од инсајдер од францускиот производител дека современиот електричен „Renault 4“ ќе пристигне во салоните во 2025 година.

2021 – јубилејна

За потсетување, Рено на премиерата на концептот 5 EV навести дека планирана нова „четворка“. Тогаш откри дека покрај „петката“, ќе се направи барем уште еден електричен автомобил во ретро стил.

Се претпоставува дека новата „четворка“ исто така ќе позајми стилски елементи од оригиналот. А, како може да изгледа ваков автомобил, беше прикажан на неофицијалниот рендер објавен во 2011 година. Моделот беше од независниот дизајнер Дејвид Обендорфер, кој ја иницираше идејата за компанијата „Рено“, што стигнува една деценија подоцна.

„Мал џин“

Познатиот „Рено 4“, кој се рекламираше како „мал џин“ и „победник на тоа време“, се појави во 1961 година и се произведуваше до 1993 година.

„Рено“ целата 2021 година ќе ја посвети на својот легендарен модел R4, кој за нешто повеќе од три децении има продадено 8.135.424 примероци.

Познатата „четворка“ беше толку популарна што беше продадена во над 100 земји ширум светот и во меѓувреме стана вистинска поп-икона.

По „петката“ – „четворка“

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.