„Реплек“ ја заврши 2020 година со позитива од 2,6 милиони евра. Консолидираната оперативна добивка за годината на Реплек АД Скопје изнесува 184.976.000 денари. Нето добиивката по оданочување се заокружува на 163.714.000 денари (2,6 милиони евра). Образложението за остварените позитивни консолидирани и неконсолидирани финансиски резултати во текот на 2020 година РЕПЛЕК  ги објави на Македонскиот пазар на капитал.

„Реплек“ ја заврши 2020 година со позитива од 2,6 милиони евра

Фабрика за фармацевтски и хемиски производи „Реплек“ АД Скопје во 2020 година оствари неконсолидирана добивка пред оданочување во износ од 102.862.000 денари. Добивката бележи зголемување од 28 отсто во однос 2019 година.

Приходите од продажба на домашен пазар имаат зголемување од 22 отсто во однос на претходната година. Остварената добивка пред оданочување во најголем дел произлегува од евидентираните приходи од вложувања во поврзаните субјекти во износ од 108.000.000 денари, од остварениот резултат во 2019 година.

Оперативните приходи со раст од 15 отсто

Консолидираната оперативна добивка за 2020 година на Реплек АД Скопје изнесува 184.976.000 денари. Нето добиивката по оданочување се заокружува на 163.714.000 денари (2,6 милиони евра).

Оперативните приходи изнесуваат 1.285.621 илјади денари и се зголемени за 15 проценти, а оперативните расходи изнесуваат 1.139.238. 000 денари и бележат зголемување за 16 проценти во однос на истиот период од претходната година.

Приходите од продажба на странски пазар имаат учество од 69 проценти во вкупните приходи од продажба ( во 2019 биле 60 отсто) и имаат зголемување од 38 проценти во однос на истиот период претходната  година.

Приходите од продажба на домашен пазар учествуваат со 31 отсто во вкупните приходи од продажба (во 2019 изнесувале  40 отсто). Соодветно на ова тие бележат намалување од  девет проценти во однос на 2019 година.

Консолидираната добивка пред оданочување изнесува 182.838.000 денари и е зголемена за 21 процент во однос на претходната година.

Реплек АД Скопје во текот на 2020 година има исплатено дивиденди и даноци за исплатените дивиденди во вкупен износ од 108.029.000 денари. Односно исплата на дивиденда во нето износ од 3.751 денари по акција.

Реплек АД Скопје во текот на 2020 година има приливи од дивиденда од придружени друштва во износ од 108.000.000 денари.

Во поединечните финансиски извештаи за минатата година кредитното задолжување е зголемено за 48.647.000 денари. Односно на 31 декември 2020 година сумата е 79.397.000 денари (на 31 декември 2019 година изнесувала 30.750.000 денари).

Во консолидираните финансиски извештаи за минатата година кредитното задолжување е зголемено за 94.421.000 денари. Имено на 31 декември 2020 година изнесува 199.048.000 денари (на 31 декември 2019 година изнесува 104.627 илјади денари).

Реализираниот промет на групациско ниво нема значајни отстапувања во однос на планираниот.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.