Словенија издаде обврзници со најдолг рок на достасување- 60 години. Taa, вчера позајми 500 милиони евра преку државни обврзници на меѓународниот финансиски пазар. Државните обврзници со рок на доспевање од 60 години,  е најдолга рочност досега, објави словенечкото Министерство за финансии.

Словенија издаде обврзници со најдолг рок на достасување- 60 години

– Издадени се 60-годишни еврообврзници во вредност од 0,5 милијарди евра.  Тие имаат принос на достасување од 0,70 проценти и купонска стапка од 0,6875 проценти. Овие карактеристики се споредливи со земји како Франција и Белгија, соопшти Министерството за финансии.

Довербата во државните обврзници – голема

Според нив, продолжува долгорочната инвестициска доверба во обврзниците на Република Словенија.

– Инвеститорите имаат доверба во владините одлуки и активности за ублажување на ефектите од епидемијата Ковид-19 врз граѓаните и економијата, стои во соопштението.

На почетокот на оваа недла, Министерството за финансии објави дека Словенија им дала на BNP Paribas, Deutsche Bank, Goldman Sachs Bank Europe SE i HSBC  мандат да организираат издавање на нова еврообврзница  која доспева во 2081 година.

И покрај неодамнешните глобални превирања, условите на пазарот се релативно поволни, објаснуваат тие.

– Поради позитивниот одговор на инвеститорите, Словенија ги отвори книгите за нарачки во средата наутро.

Биле понудени над 4,3 милијарди евра од над 150 високо квалитетни инвеститори. Приносот до достасување од 0,70 проценти е еквивалентен на периодот на 30-годишна германска референтна обврзница. Која пак има рок на достасување во август 2050 година со 82,8 базични поени, објаснуваат од  Министерството.

Најголем интерес од Ивестициските фондови

Повеќето вложувачи (34 проценти) во новата словенечка обврзница доаѓаат од Германија и Австрија, проследени со инвеститори од Франција, Велика Британија и Ирска. Четири проценти од клиентите се од Италија, три проценти од Скандинавија и Словенија и еден процент од земјите на Бенелукс. Американците и другите сочинуваат 14 проценти од инвеститорите, а останатите 11 проценти се од Европа.

Според институционалната распределба на инвеститорите, состојбата е следна:

  •  67 проценти се управители на фондови, осигурителни компании и пензиски фондови;
  • 13 проценти се банки,
  • седум проценти се официјални институции,
  • 13 проценти се други.

Издадената обврзница има најдолга рочност од сите во регионот на Централна, Југоисточна и Источна Европа. (Индикатор.ба)

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.