Стартува талент програмата за ИТ инженери на „Сеавус“. Софтверската компанија „Сеавус“, веќе петта година по ред организира талент програма за оние кои сакаат да започнат кариера како инженери за ИТ операции и поддршка.

Стартува талент програмата за ИТ инженери на „Сеавус“

Кандидатите кои ќе се пријават ќе имаат можност да се запознаат со оперативните процеси и да стекнат почетничко знаење во неколку области, како што се:

  • -основи на ИТ операции и поддршка според ИТИЛ стандардизација,
  • -основи на оперативните системи Linux и Windows,
  • -вовед во “клауд компјутинг,”
  • -администрирање и одржување на MS SQL или Oracle серверите, Shell и Powershell скриптирање и
  • -вовед во ИТ безбедност.

Managed Services на Сеавуц меѓу 100-те во светот

Талент програмата е со времетраење од пет недели, почнувајќи од март, три пати во неделата. Односно осумчасовна интерактивна и практична програма водена од ИТ експерти на „Сеавус“.

По завршувањето на талент програмата, најдобрите ќе имаат можност за вработување во „Сеавус“ во дивизијата Managed Services. Оваа дивизија веќе втора година по ред е вброена на листата на топ 100 Managed Services провајдери во светот.

“Во изминатите пет години, Сеавус има вработено триесет и два инженери кои имаат изградено успешна кариера. Искуството да се работи како дел од тимовите на нашата дивизија е навистина голем предизвик за сите инженери. Без разлика дали се во завршна година од своите студии или  тукушто дипломирале. Вообичаено, интересот за талент програмата е голем, и добиваме меѓу 30-50 апликации. После процесот на селекција, 12-15 кандидати се вклучуваат во програмата”, изјави Глигор Добривојевски, technology line менаџер, во дивизијата Managed Services.

Аплицирањето е во тек, и сите заинтересирани може да се пријават на следниот линк: IT Operations and Support – Talent Program (seavus.com)

За „Сеавус“

„Сеавус“ е компанија за развој на софтвер и консалтинг-услуги со докажано искуство во успешни софтверски бизнис-решенија. Компанијата нуди широк спектар на софтверски производи, решенија и услуги, успешно покривајќи ги европскиот и американскиот пазар преку неколку канцеларии и претставништва во светот.

Портфолиото на решенија и услуги вклучува: BSS/OSS, CRM, CEM, Business Intelligence-решенија, ALM, Embedded-програмирање, бизнис и потрошувачки производи, мобилни апликации и гејминг-решенија, Managed Services, како и консалтинг и развој на апликации по барање на клиентите.

Во портфолиото на „Сеавус“ се вбројуваат над 4.000 клиенти.  Меѓу нив и светски телеком-оператори и производители на мобилни и електронски уреди. Потоа, организации од банкарскиот и финансискиот сектор, технологија, образование, здравство итн.

Денес, „Сеавус“ има петнаесет оперативни канцеларии лоцирани во неколку земји, вклучувајќи ги Шведска, САД, Северна Македонија, Белорусија, Молдавија, Швајцарија, Србија, Босна и Херцеговина, со стратегија за континуиран раст.

На крајот на минатата година, „Сивус” се спои со чешката „Арикома”,  една од водечките групации во ИТ секторот.

 

 

 

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.