„Стелантис“ – името на новиот автомобилски концерн во светот.
Автомобилските групации „Фиат Крајслер Автомобили“ и „Пежо-Цитроен“, се споија во една голема автомобилска група „Стелантис“. Тие утре, 19 јануари, на онлајн прес-конференција, ќе го прослават овој исклучително важен настан во историјата на автомобилската индустрија што уследи по повеќемесечни преговори и комплексни промени.

„Стелантис“ – името на новиот автомобилски концерн во светот

„Стелантис“ е името што го избраа двете автомобилски групи „Фиат Крајслер Автомобили“ (ФЦА) и Пежо-Цитроен (ПСА), а потекнува од латинскиот збор „ stello “, што значи осветлено со sвезди. Идејата е амбициозното спојување на легендарните автомобилски брендови со силни корпоративни култури, своето здружување да го започнат со процес на создавање на еден од новите лидери во следната ера на мобилност.
„Латинското потекло на името и оддава почит на долгата и важна историја на двете основачки компании, додека евоцирањето на астрономијата потсетува на духот на оптимизам, енергија и иновација што е основа на ова обединување што ќе го смени автомобилскиот сектор“, се вели во заедничкото соопштение за јавноста од двајцата производители на автомобили.
Со повеќе од осум милиони продадени автомобили, 400.000 вработени и заработка од над 180 милијарди евра, „Стелантис“ станува четвртиот најголем производител на автомобили во светот по „Фолксваген“, „Тојота“ и групата „Рено – Нисан – Митсубиши“.
Седиштето на новиот автомобилски колос е во Холандија, на чело со Карлос Таварес, Џон Елкан, кој ќе ја извршува должноста претседател и Роберт Пежо како потпретседател. Мајк Манли, кој во моментов е на чело на групата FCA, ќе биде одговорен за американскиот пазар. По повод обединувањето на Џон Елкан, претседателот на FCA изјави дека „ова е само уште еден храбар чекор напред на нашиот пат“.

 „Стелантис“ – влог  50/50, ама сепак Французите во водство

„Стелантис“ има цел да обедини know-how и ресурсите со цел да се најдат заеднички решенија за еколошки ориентирана мобилност во следните децении. Имено, иднината на движењето и начинот на користење автомобили, автономното движење на возилата и преминот кон хибридни и електрични автомобили на 14 марки, кои се дел од две групи, е она на што „Стелантис“ ќе работи интензивно.
Брендовите што се обединуваат се многу различни едни од други, како што се „Џип “, „Алфа Ромео“, „Масерати“, „Фиат“, „Пежо“, „Ситроен“, „Опел“, и тие нема да го променат името.
Имено, „Стелантис“ претставува група со поделба 50/50 и името ќе се користи само на ниво на Група, така што ова име нема да го носи ниту еден автомобил, иако „Стелантис“ ќе има свое лого, тоа нема да влијае на имињата и постечкото лого на автомобилите.

Силата на оваа група се рефлектира во фактот што таа поседува разни видови автомобили од „сити-кар“ преку премиум модели, спортски автомобили како и џипови, комерцијални автомобили како и оние за превоз на луѓе и други работи.
Главни акционери на групата се „Ехор“, поддржан од семејството Ањели, предводено од Џон Елкан, кој е внук на славниот Џани Ањели. Тој беше главен акционер во FCA, врз основа на што ќе има 14,4 проценти од квотите на „Стелантис“. Вториот најголе м акционер е семејството Пежо, кои „преку две компании EPF и FFP со 7,2 проценти BPI (Banque Publique d’Investissement), т.е. Инвестициската банка на француската влада со 6,2 проценти и на крај кинеската автомобилска компанија „Донгфенг“.
Инаку, кинескиот пазар е една од целите на „Стелантис“. Ако го земеме предвид фактот дека Карлос Таварес беше претседател на ПСА, а сега тој ќе биде на чело на целата група. Италијанците, но и остатокот од светот имаат впечаток дека Французите се уште водат на овој начин.

Што ќе се случи со фабриките?

Иако италијанските синдикати изразија загриженост дека создавањето на нова група ќе доведе до промени и евентуално губење на голем број вработени во Италија, во известувањето издадено од Групацијата пред неколку дена, според извештаите на медиумите, стои дека ниту една фабрика нема да биде затворена. Имено, Групацијата гарантира дека ова обединување нема да доведе до затворање на фабрики како последица на создавањето на „Стелантис“. Италијанскиот и францускиот министер за економија издадоа заедничко соопштение во кое се вели дека „двете влади, и италијанската и француската, ќе посветат големо внимание на улогата што ќе ја игра “Стелантис“ кога станува збор за вработувањето во Италија. и Франција “. Сепак, италијанските синдикати изразија загриженост и за фактот дека француската влада е акционер со удел од 6,2 проценти во „Стелантис“, додека италијанската влада избра да не биде дел од неа.
„Иако оваа операција ги обедини FCA и PSA,таа е од национален интерес од индустриска гледна точка, како и од аспект на вработување“, излјавил италијанскиот заменик министер за економија за весникот Република. Економист пишува дека една од целите на Таварес, кој ќе биде на чело на Групацијата, е да го освежи „Фиат“, што е една од најслабите алки. Таварес е многу ценет и важи за еден од најдобрите менаџери во светската автомобилска индустрија токму затоа што е способен да ги закрепне брендовите кои работат полошо, како Опел, кој беше купен од ПСА во 2017 година кога беше во длабока криза. Денес, по многу кратко време, „Опел“ е повторно бренд кој остварува профит, но во таа операција Таварес отпушти третина од раководните лица на компанијата.
Волстрит журнал го посочи лошото производство во фабриките на ФЦА, од кои многу се наоѓаат во Италија, како еден од најголемите проблеми со кои ќе се соочи „Стелантис“. Повторно, како што рековме, и FCA и PSA гарантираат дека нема да затворат ниту една фабрика.

„Стелантис“ – името на новиот автомобилски концерн во светот

Што велат експертите?

Италијанскиот весник „Кориере дела Сера“ побара мислења од двајца експерти во автомобилската индустрија, професорот Фабијан Скиварди од Универзитетот во Луис, каде што предава економија и Тедоро Лијо од „ Automotive & Mobility lead “во Accenture Europe.
Во анализата за весникот, двајцата експерти се согласија дека ова обединување е потребно и неизбежно. “Овие две компании не се слаби дури и ако ги погледнеме индивидуално. Но, обединети, тие ќе знаат како најдобро да се соочат со глобалните предизвици во блиска иднина. Вредноста на оваа операција се рефлектира во фактот дека ќе бидеме сведоци на големи инвестиции: пари, но и трансформација на работата на компаниите со нови таленти и нивниот начин на деловно работење “.
Теодоро Лијо додава: „Друг позитивен ефект е што на овој начин Европа, а со тоа и Италија повторно ќе биде во центарот на светската автомобилска сцена. Бидејќи да се потсетиме дека приходите на групацијата FCA доаѓаа претежно од Северна Америка, додека во Европа таа беше слаба и за кратко време ќе стане проблем. Сега дојде до рамнотежа и „Стелантис“ станува глобален играч, а не италијански, американски или француски “.
Професорот Скиварди одговара и на прашањата за иднината на фабриките: „Можно е групата да дојде до заклучок дека има премногу фабрики и токму во тоа е предизвикот за целата земја да стори сé за да ги направи италијанските фабрики подобри и поефикасни за да се обезбеди нивниот опстанок а со тоа и задржување на вработените.
Но, ако Италија не знае како да им помогне на оние кои работат во фабриките, лесно е да се помисли дека мултинационална компанија чија цел е да има што подобра продуктивна мрежа ќе ги отфрли сите оние кои не се на висина на задачата “.
На прашањето упатено на Карлос Таварес, дали 14 марки на автомобили се премногу, тој одговори дека секоја од нив има своја историја и нешто што ги прави посебни. Некои експерти инсистираат на тоа дека во иднина Групацијата ќе треба да донесува одлуки за инвестиции кои ќе треба да се фокусираат само на одреден број брендови, особено кога се во прашање луксузни автомобили.
Од друга страна, тие исто така потсетуваат дека „Фиат“ има одредени фабрики кои работат многу лошо. Стапката на активност на седум фабрики во Италија е помала од 60 проценти, додека фабриката во Крагуевац е уште помала. Имено, фабриката што произведува 500L резултира како една одоние која најмалку работи.
И иако FCA и PSA пред склучувањето на договорот за обединување гарантираа дека ниту една фабрика нема да се затвори пред Таварис е голема работа. Дури и ако намалувањето на продажбата доведе до криза што може да ги оправда тешките одлуки, Италија гарантира заем од 6,3 милијарди евра на FCA, барајќи од нив да гарантираат дека нема да има отпуштања.
Бернард Жулиен од Универзитетот во Бордо изјави: „Ова е добро завршена работа, но не гледам како Карлос Таварес ќе успее да ги одржи ветувањата и нема да допре ниту една марка или фабрика“.

Дали фабриката во Крагуевац ќе преживее?

„Стелантис“ – концерн под чиј кров оди и крагуевачката фабрика. Познатиот „Fiat 500L“, кој се произведува во фабриката „Fiat-Chrysler“ во Крагуевац, ќе биде надвор од производството до крајот на 2021 година. Производството на овој модел започна во 2012 година, а веќе некое време, продажбата на овој бренд се намалува благо во целиот свет. Имено, овој тип на автомобили е нешто што клиентите се помалку го бараат, ориентирајќи се на crossovere и СУВ.
Во САД, овој автомобил не се продава од крајот на 2020 година, ниту пак Fiat 124 Spider.
Засега сè уште е непознато што ќе се случи со производството во Крагуевац, имајќи ги предвид предвидувањата дека „Fiat 500L“ ќе престане да се продава во остатокот од светот до крајот на 2021 година.
Она за што долго се зборува е дека ќе се произведува нов бренд. Станува збор најверојатно за теренец. Оливер Франсоа, број еден за „Fiat“, изјави дека во наредните години „Fiat 500X“ и „500L“ ќе бидат заменети со еден модел кој ќе биде теренец нешто поголем од „Fiat 500X“, но со дизајн кој ќе биде повеќе сличен на crossover. Овој мистериозен модел, за кој сè уште се знае многу малку, би можел да започне со производство во 2022 година под името Fiat 500XL.

Во Крагуевац се произведени 40 000 автомобили во 2019 година, 20 000 помалку отколку во 2018 година, додека во моментов се користат само 10 отсто од капацитетот на српската фабрика.
FCA ја дефинираше најновата фаза од планот 2018-2022 година. во која се планира инвестиција од 45 милијарди евра, од кои девет милијарди одат за иновации во областа на електричните автомобили, а 170 милијарди евра во фабриката во Полска каде ќе се произведуваат дел од хибридни и електрични коли.
Крагуевац сè уште е мистерија, иако се повеќе се зборува за џип што треба да се произведува во таа фабрика, но сè уште нема официјални информации што се очекуваат во текот на годината од „Стелантис“.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.