Технологијата старо – нов проблем во онлајн наставата. Со прогласувањето на ковид-пандемијата од страна на СЗО, еден од најпогодените сектори беше образованието. Kвлитетот на образованието што го добиваа учениците во основното образование неминовно опадна во изминатиот период. Секако како последица на кризата. Но, не за сите ученици подеднакво. За жал, во државата сè уште постојат училишта во кои интернет-пристапот е несоодветен. А ИКТ- инфраструктурата е во лоша состојба или пак воопшто ја нема. Ова се нотира во обемното истражување која го подготви „Метаморфозис“ за предивиците кои ги имаа училиштата изминатиот период.

 

Оваа ситуација, како и многу слабата економска состојба на семејствата, доведе до тоа одреден број ученици воопшто да не можат да следат онлајн настава. Наставниот кадар и менаџментот на училиштата беа принудени речиси „преку ноќ“ да започнат со активности за кои никогаш не биле обучени. Покрај техничките аспекти (користењето технологии, дигиталната писменост), во онлајн наставата беа занемарени и педагошките аспекти. Тоа резултираше со незадоволство од процесот кај сите страни, особено кај – учениците, се вели во анализата.

Истраживањето е спроведено во две фази. Првата е преку онлајн анкета во периодот од 26 јуни до 15 јули годинава. Таа е наменета за наставниот кадар, менаџментот и стручните служби. Другата е спроведена на три фокус групи во период од 23-27 август со наставниот кадар, менаџментот и со родителите на учениците од основното образование.

 

Клучните наоди се за технолошките аспекти

Гледано од технолошки аспект, (лаптопи и компјутери) се неопходни за одржување на задолжителната онлајн настава. Според податоците, речиси половина од учесниците (44,5 отсто) пријавиле дека во училиштето, за службени потреби, користат сопствен лаптоп. Наставниот кадар, во најголемиот дел (84,9 отсто), за службена комуникација користи приватни мејл адреси.

 

Тоа се наведува како проблем од аспект на заштита на личните податоци на учениците. Бидејки тие како основци се малолетни деца. Но, речиси една третина од наставниот кадар (31,6 отсто) интернет на училиште имаат само на својот мобилен телефон.

За жал, има и локации каде што училиштата не нудат никаков интернет-пристап. Тоа го става под знак прашалник целиот процес на спроведување на онлајн наставата. Резултатите покажуваат дека голем број наставнички и наставници во онлајн процесот, се соочиле со предизвици од административна природа.

Тоа се недостигот на јасни насоки за водење електронско портфолио (82,4  проценти) и јасни насоки за процесот на оценување (85 отсто).

Кај голем број семејства со повеќе деца на училишна возраст, проблем претставувало и „споделувањето“ на техничките помагала (лаптоп, компјутер) Односно, ситуацијата најчесто налагала само еден од учениците да биде во можност да следи настава во живо. Неретко се случувало и самите родители да ја следат наставата и да ја спроведуваат дома со своите деца, да бидат „заменски наставници“, стои во анализата.

Неможноста на овие семејства да набават нови помагала за онлајн наставата, биле во ситуација да одбираат кој ќе следи онлајн настава во рамките на семејствата.

Најголемиот дел од испитаниците се согласуваат дека од огромна корист би им биле разни обуки за алатки за онлајн наставата. Но, речиси сите во истражувањето (97,1 проценти), потенцирале дека за успешна онлајн настава е потребна континуирана техничка поддршка на наставниот кадар. Голем процент (88,9  отсто) сметаат дека за успешна онлајн настава се потребни вообичаените методи во наставниот процес. Односно дека досегашната практика треба да подлежи на темелни реформи.

 

За онлајн настава-„онлајн-училница“ за сите училишта

Речиси половина (48,6  отсто) од учесниците се согласни дека е потребна унифицирана онлајн платформа или „онлајн-училница“ за сите училишта.

Поголем дел од наставниците кои предаваат на друг јазик (различен од македонскиот) или комбинирано го потврдуваат недостатокот на образовни ресурси на јазиците на помалите заедници во државата.

Речиси сите учесници (93,9 проценти) сметаат дека за успешна онлајн настава е потребно целосно или делумно адаптирање на учебниците.

 

Клучни препораки за онлајн настава

■ Вклучување na родителите, наставниот кадар, менаџментот на училиштата во носењето нови политики за онлајн наставата;

■ Создавање и користење модерна, оптимизирана и унифицирана платформа за онлајн настава,

■ Обезбедување електронски уреди и интернет за учениците, особено на оние од социјално ранливите категории и од повеќедетните семејства

■ Инвестирање во надградување на ИKТ-инфраструктурата во основните училишта, особено во руралните средини;

■ Водење сметка за специфичните потреби на учениците со посебни потреби и учениците од економски послабите средини;

■ Инвестирање во надградување на дигиталните вештини на наставниците

■ Континуирана техничка поддршка на училиштата и на наставниот кадар за успешно спроведување на онлајн наставата;

■ Водење сметка за достапноста на образовните материјали за сите ученици,

■ Промовирање на користењето на отворените образовни ресурси (ООР), како алтернатива на класичните учебници и наставни помагала.

■ Надлежните институции, училиштата и наставниот кадар внимателно да постапуваат со уредите каде што се зачувани личните податоци на малолетните лица.

 Онлајн настава во регионот?

Некои држави во регионот решија да ги отворат образовните институции, вклучително и основните училишта. Дел од решенијата практично се применуваат без никакви мерки. Како на пример, без одржување дистанца или без носење маски.

На ваков чекор се одлучи Австрија. Таму учебната година започнува вообичаено, без задолжителни маски за учениците или други мерки.

Во соседна Србија, иако се очекува редовна настава во основните училиштата, се планираат и голем број мерки и рестрикции.  Како на пример: задолжително носење маски, намален број ученици во училниците, но и делумна онлајн настава секој втор ден.

Во Унгарија, властите сметаат коронавирусот не е оправдување за тоа дека дигиталното образование треба да ги замени училниците.

Црна Гора го одложи почетокот на учебната година за 1. октомври 2020 година.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.