Три јавни повици за субвенции за микро и мали компании и жени претприемачи. Повиците се во рамки на Програмата за конкурентност и иновации и претприемништво (КИП) за 2021 година. Ги објави Министерството за економија, а се наменети за поддршка на домашните компании. Објавени се јавните повици за субвенционирање на микро и мали претпријатија; за финансиска поддршка на женско претприемништво и за субвенционирање на занаетчии.

Три јавни повици за субвенции за микро и мали компании и жени претприемачи

Трите јавни повици се објавени пред десетина дена.  Сите заинтересирани компании имаат рок да аплицираат до 16-ти, односно до 30-ти април и да ја искористат финансиската поддршка од Министерството за економија.

Покритие на 50 отсто од трошоците

„Со јавниот повик за субвенционирање на микро и мали претпријатија е предвидена финансиска поддршка за субвенционирање на 50 отсто од докажаните трошоци за набавка на машини и алати. Во оваа група е и набавка и инсталација на фотоволтаични панели – затворен систем, за производство на електрична енергија за сопствени потреби на претпријатието со моќност над 5 kW.

За оваа мерка се предвидени вкупно 30,7 милиони денари од буџетот на Министерството за економија. Финансиската поддршка по еден апликант е најмногу 400.000 денари. Доколку фирмата е управувана или основана од жена, тогаш субвенцијата се зголемува за 10 отсто. Ќе се субвенционираат трошоците што се направени во 2020 и 2021 година.

Со јавниот повик за субвенции за поддршка на женско претприемништво доколку 50 проценти на компаниите се во сопственост или управувани од жени предвидена е финансиска поддршка за кофинансирање на 80 отсто на трошоците. Ќе се субвенционира набавка на опрема и алати, уредување или подобрување на деловниот простор и воведување на софтверски решенија.

„За оваа мерка во рамки на Буџетот на Министерството за економија се предвидени вкупно  четири милиони денари. Максималниот износ на поддршка по апликант е до 150.000 денари, освен кај трошоците за воведување на софтверски решенија каде што финансиската поддршка е најмногу 60.000 денари. Исто и кај оваа мерка ќе се субвенционираат трошоците направени во текот на 2020 и 2021 година. Крајниот рок за аплицирање е 30.04.2021 година.

Со јавниот повик за субвенции за занаетчии ќе се покрива 60 отсто од трошоците на занаетчиите. Предвидена е финансиска поддршка за набавка на опрема и алати како и уредување, односно подобрување на деловниот простор. Максималниот износ на поддршка за еден апликант изнесува 120.000 денари за трошоци направени во 2020 и 2021 годиина.

Од Буџетот на Министерството за економија за субвенции за поддршка на занаетчиите се предвидени вкупно шест милиони денари. Крајниот рок за аплицирање и за овој јавен повик е до крај на априловаа година.

Најмалку развиените региони со најмногу средства

„Годинава за прв пат за распределба на средствата предвидени во јавните повици од КИП програмата ќе се применува начелото за рамномерен регионален развој. Тоа значи дека средствата ќе се распределуваат според развиеноста на планските региони во државата.

Според ова правило најголем дел од средствата предвидени во секој јавен повик ќе се поделат во најмалку развионите региони. Додека најмал дел од средствата се наменети во најразвиените региони, информираат од економија.

Субвенциите ќе се делат во согласност со Класификацијата на планските региони според степенот на развиеност во периодот од 2018 до 2023. Според тоа за Севериосточниот регион кој е најмалку развиен ќе бидат распределени 17,3 проценти од финансиската поддршка. За Вардарскиот регион следуваат 14,7 отсто, за Југозападен 13,3 отсто,а за Полошки регион 13,2 проценти. Потоа следуваат Пелагонискиот регион со  11,9 отсто, Источниот со 11,3 отсто и Југиосточниот со 11,1 отсто од финансиската поддршка.  Додека за  Скопскиот кој е најразвиен ќе бидат распределени само 7,2 проценти од финансиската поддршка од вкупно предвидените средства од секој јавен повик посебно.

„Распределбата на средствата во рамки на секој плански регион ќе се реализира во согласност со принципот „прв дојден, прв услужен“. Овој принцип ќе се применува за апликантите од ист плански регион. Доколку вкупно распределените средства за субвенции во одреден плански регион не се искористат во тој регион, истите ќе се доискористат во плански региони каде што има апликации. Распределбата на овие средства ќе се прави исто така според разиеност на планските региони, појаснуваат од Министерството за економија.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.