Условите во училиштата се делумно задоволителни. Секој петти родител смета дека санитарните јазли се најголем проблем во училиштата.

Условите во училиштата се делумно задоволителни, покажуваат резултатите од  анкетата на Здружението за истражување и анализи ЗМАИ. Високи три четвртини (76.8) од родителите сметаат дека условите во кои учат нивните деца се делумно задоволителни. Останатите, околу 17 отсто  пак се на ставот дека условите се минимални. Ова го покажува спроведената анкета на 924 родители на ученици во основни училишта. Тие се од: Василево, Велес, Карбинци, Куманово, Сарај, Старо Нагоричане, Студеничани, Центар Жупа, Чучер Сандево и Шуто Оризари.

Основно училиште во Сарај, едно од опфатените во анкетата

Половина од родителите велат дека нивното дете е делумно безбедно додека е на училиште. Една третина пак сметаат дека се целосно безбедни. Секој 10-ти родител мисли дека воопшто не се безбедни. Генералната оценка е дека хигиената која ја има во училиштата е на средно ниво. Иако, речиси третина од испитаниците сметаат дека хигиената е сведена на минимум. Процентуално, речиси идентични се и ставовите на родителите во однос на креирањето политики во училиштата. Околу 29 проценти се изјасниле дека ретко се вклучуваат во носењето одлуки во училиштето кои се поврзани со нивните деца. Додека 25 отсто секогаш се вклучени, а седум проценти воопшто не се вклучуваат.

Учебната година за основците се уште не е започната

Инвестиции, квалитет на настава, воннаставни активности…

Секој петти родител одговорил дека инвестициите во училиштата се на средно ниво. Ист толкав е процентот и на оние кои рекле дека не се запознаени. Над 59 отсто од родителите кажале дека квалитетот на наставата од областа на природните науки е на задоволително ниво.  Дека квалиетот на наставата за природните науки е на просечно ниво сметаат 29 проценти, а седум отсто велат дека е на подпросечно ниво.

Технолошки уреди за следење на настава

Една третина кажале дека во училиштата имаат непречен пристап до технологија која се употребува за секојдневна настава. Но, минорни три проценти сметаат дека пристапот до технологија во општо нема влијание на севкупниот развој на децата.  Дел од родителите, 33 отсто велат дека нивните деца имаат просечно ниво на технолошка писменост, а  пет проценти дека таа е на подпросечно ниво. Но, не е за потценување ни ту процентот на родители кои сметаат дека квалитетот на вон-училишните активности е задоволителен. На тоа мислење се 43 отсто од родителите. Додека 24 проценти сметаат дека вон-училишните активности се просечни.

анкета 1

Leave a Comment