Хрватска пошта денес ги пушти во оптек поштенски марки од серијата „Хрватска музика“, на кои се наоѓаат три легенди на далматинската и хрватската музика – Тома Бебиќ, Оливер Драгојевиќ и Дино Дворник. Автори на овие марки се загрепските дизајнери Ивана Вучиќ и Томислав – Јурица Каќуниќ.

Номиналната вредност на секој од овие марки е десет куни. Поштенските марки се отпечатени во тираж од 100 илјади примероци по мотив.

На страниците на Хрватска пошта има по неколку реченици за секој од музичарите кои се на поштенските марки.

– Музичкото наследство на Дино Дворник (20.08. 1964 – 7.09. 2008), како и неговиот приватен и забавен живот, кои трајно се испреплетени, сведочат за огромниот талент и еруптивната музика, во која, без оглед на обемот на инспирацијата, во основа секогаш беше ритам и страст – се вели за прерано починатиот крал на фанк.

За Тома Бебиќ, од друга страна, стои:

– За жал, делумно заради неговата небрежност а делумно оддавање почит на„ провинцијалност “, дискографијата на Тома е генерално послаба од вредноста на самите песни и исклучителни концертни настапи. Неговите композиции беа претежно „далматински шансони“ со посебни посвети на родниот крај. Но, пред и после се – тие зборуваа за секојдневни ситуации и „мали луѓе“, маргиналци со кои – како боем и анархист Тома најдобро се снаоѓаше.

За Оливер Драгојевиќ од „Хрватска пошта“ напишаа:

– Во седумдесеттите и осумдесеттите години, тој беше култен „далматински пејач“ со антологиски композиции, како„ Галеб “, „Малинконија“, „Опрости ми папе“, „Скалинаде“, „Кароца“…, со опсег далеку поголем од регионалните граници, во деведесеттите и во новиот милениум тој стана најголемата и најсјајната ѕвезда (не само) на хрватската сцена.

Феноменалниот потег на Хрватска пошта уште еднаш не замисли – каде сме ние и како ние сме им се заблагодариле на великаните на нашата музика?

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.