Tаканаречените вечни хемикалии, како што се нарекува групата загадувачи, се голем проблем…

Американскиот „Конзјумер рипорт“ го објави најновото истражување за квалитетот на газираните и природните води и откри дека тие содржат таканаречени вечни хемикалии – пренесува белградска „Политика

Независно и највлијателното американско здружение на потрошувачи „Конзјумер рипорт“ тестираше 47 флаширани води со цел да утврди присуство на четири тешки метали (арсен, кадмиум, олово и жива).

Но, посебно внимание се посветува на хемикалиите од групата PFAS (Пер-полифлуороалкил), кои се насекаде околу нас, па дури и во човечкото тело, и се сметаат за токсични за здравјето. Се проценува дека ги има околу 4.000, но овој пат беше испитано присуството на околу триесет хемикалии.

Недозволени хемикалии

Детален извештај ќе биде објавен во ноември годинава во нивниот журнал, но најинтересните делови од истражувањето се објавени деновиве на нивната официјална веб-страница. Со коментар дека тоа е направено со цел да се унапреди заштитата на животната средина и да се намали изложеноста на опасни хемикалии.

Tаканаречените вечни хемикалии, како што се нарекува групата загадувачи, се голем проблем, но според одлуката на сојузната американска влада, нема строги ограничувања, само доброволни упатства за производителите. Во суштина, присуството на PFAS не треба да надминува 70 пи-пи-ти (седумдесет делови на билион). Сепак, некои американски држави поставија пониска граница од 12 до 20 пи-пи-ти.
Додека Меѓународната асоцијација на флаширана вода одлучи дека треба да биде помалку од пет за кое било соединение или максимум 10 за овие хемикалии. Сепак, независни експерти сметаат дека нивото на прагот треба да биде пониско – еден пи-пи-ти.

Од 47 тестирани води (35 негазирани и 12 газирани), овие хемикалии се пронајдени во 43. Не-газирани води имаа подобри резултати, но практично сите имаа мерливи количини на PFAS. Фил Браун, експерт на универзитетот „Нортистерн“ во Бостон, рече дека причина за тоа може да биде процесот на карбонизација на водата. Исто така, изворската вода може да има повеќе PFAS, но некои фабрики користат третмани за да ги намалат нивните нивоа под минималната препорачана граница.

Некои компании ги оспоруваат резултатите за квалитетот…

Некој ги признава резултатите, некој не…

Повеќето производители се огласија по објавувањето на овие резултати. Така, еден од брендовите на „Кока-Кола“ – „Топо Чико“, во чија вода беше пронајдено највисокото ниво на PFAS, објави дека ќе продолжи да работи на подобрување со цел да се подготви за построги стандарди во иднина. Кај полскиот производител „Спринг и перије”, како дел од „Нестле“, не се откриени овие хемикалии, а компанијата изјави дека го поддржува поставувањето федерални ограничувања.

Некои компании ги оспоруваат овие резултати, но претставниците на „Конзјуемер рипорт” истакнаа дека на примерот на оние води кои имале пониско ниво на PFAS, јасно е дека индустриите можат да им понудат на потрошувачите подобар квалитет на своите производи. Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) со години предупредува дека флашираната вода е загадена. Во јавноста се спомнувани големи мултинационални компании, кои наводно флаширале вода од чешма!?!

ПФАС се произведува и се користи во различни индустрии, и во Америка постои од 40-тите години на 20-от век. Ги има во производи за домаќинство, ткаенини кои одбиваат дамки, тефлон, бои, производи за чистење, противпожарна пена. Главниот извор е контаминирана вода на аеродромите и воените бази каде се спроведува обука за гаснење пожар. Ги има во индустријата, производство на бела техника. Тие се наоѓаат во водата за пиење, човечкото тело, како и кај животните.

Leave a Comment