Крај на една ера – му дојде крајот на Фармвил

Онлајн овоштари, одгледувачи на зеленчук и сточари, спакувајте ги своите алатки, Фармвил се затвора на 31. декември…

Ако сакате да ги соберете сите сочни јаболка и грозје, подобро да побрзате, затоа што „Зинга“ планира да го затвори „Фармвил“ на Фејсбук на крајот на оваа година.

Ова не е сосема неочекувано, бидејќи Фејсбук уште во јули најави дека нема да поддржува видео-игри базирани на платформата Флеш од 31 декември, истиот ден кога „Адоб“ целосно ќе го исклучи Flash плеерот.

И покрај сето тоа, се чини дека е крај на една ера. Колку и да беше смешен и понекогаш фрустрирачки, како што беше „Фармвил“, едно време се чинеше дека сите луѓе на Фејсбук се занимаваат со садење на своите посеви, уредување овоштарници и одгледување на добиток и живина.

Играчите кои сè уште играат Farmville ќе можат да купуваат во играта до 17 ноември

Лансирана во 2009 година, играта имаше 10 милиони активни играчи за само два месеци. На врвот на својата популарност, имаше 30 милиони играчи на дневна основа и околу 80 милиони регистрирани корисници.

Следуваше продолжение и мобилна верзија, независна од Фејсбук, но никогаш не го постигнаа успехот на оригиналот.

Лансирана во 2009 година, играта имаше 10 милиони активни играчи за само два месеци…

Играчите кои сè уште играат Farmville ќе можат да купуваат во играта до 17 ноември, по што системот за плаќање ќе биде затворен. Ќе може да се игра до 31 декември, кога ќе биде целосно затворен.

Сепак, од „Зинга“ велат дека мобилната верзија на Farmville 3 ќе биде достапна веќе наскоро…

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.