180 години NBG и 21 успешна година на Стопанска банка АД Скопје. Националната банка на Грција (NBG) на 30-ти март годинава одбележа 180 години постоење. А, оваа година се означува и 21 година од стратегиската инвестиција на NBG во Стопанска банка АД Скопје, соопштија од банката.

180 години NBG и 21 успешна година на Стопанска банка АД Скопје

И покрај кризата оперативната добивка на НБГ се зголеми за 41 процент

Како што стои во соопштението на Стопанска банка АД Скопје, Г- дин Павлос Милонас, Генералениот извршен директор на NBG Групацијата вели: „Многу сме горди на нашата историја и на улогата што NBG ја има во развојот на економијата и на општеството во земјата и во регионот. Денеска продолжуваме да поттикнуваме иновации и претприемачки дух со цел создавање на подобра иднина за нашите клиенти и за нашите сограѓани.“.

Господин Милонас, исто така, се осврна и на резултатите на NBG Групацијата за 2020 година: „Наспроти пандемијата на ковид-19, финансиските резултати на Групацијата за минатата година се одлични. На оперативно ниво, пред добивките од тргувањето и еднократните резервации поврзани со ковид-19,  оперативната добивка се зголеми за 41 процент на годишно ниво, достигнувајќи 328 милиони евра.

Добивката е одраз на отпорноста на основните приходи и на строгото намалување на трошоците. А тоа резултираше со годишно намалување на трошоците за околу 150 милиони евра во период од две години.

На крај, добивката по оданочување достигна 591 милиони евра, што е зголемување за 26 отсто на годишно ниво. Дополнително, благодарејќи на приходите од 1,1 милијарда евра остварени од тргувањето и од другите активности целосно можеа да бидат апсорбирани резервациите од околу 0,8 милијарди евра за кредитното портфолио поврзани со ковид-19 и со безбедноста на кредитите.

Значајно подобрената профитабилност го прикажува нашиот висок потенцијал, кој е одразен во билансот на состојба, но и во посветеноста и фокусот на тимот на NBG. Сите наши луѓе сега уште повеќе се посветени на нашата понатамошна трансформација“.

Стопанска банка АД Скопје со добивка од 32 милиони евра

Оваа година се означува и 21 година од стратегиската инвестиција на NBG во Стопанска банка АД – Скопје. Осврнувајќи се по овој повод, господин Диомидис Николетопулос, Генералниот извршен директор на Стопанска банка АД – Скопје изјави:

„Горди сме што сме членка на NBG Групацијата, една од најважните групации во регионот, и посебно сме среќни што Стопанска банка АД – Скопје продолжува да има свое место во 180-годишната историја на NBG.

Пред околу 21 година, почна успешното заедничко чекорење на две историски значајни банки во регионот, овозможувајќи ѝ на Стопанска банка АД – Скопје да прерасне во силната профитабилна банка каква што е денес. Столб што ја поддржува економијата на Северна Македонија, и секако, е значен дел од  NBG Групацијата.

И покрај ковид-19 пандемијата, во 2020 година Банката ги докажа своите силни перформанси и здравата основа. Постигна подобар биланс на состојба. Кредитното портфолио на Банката порасна на 1.2 милјарда евра, а депозитите на 1.4 милјарда евра. Со овие извонредни резултати – Банката оствари нето-добивка за 2020 година од 32 милиони евра.

Продолжуваме со истото темпо, како една од најважните финансиски институции во земјата. Ќе работиме со супериорни резултати во сите области на дејствување. Ќе ги чуваме депозитите на нашите клиенти генерирајќи одржлива вредност за сите засегнати страни“.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.