По се изгледа тековната 2021 година е многу важна. И, без оглед што годините на „0“, на некој начин се сметаат за оние во кои нешто почнува, нам, ете, поважни ни се тие на „кец“.

Пред 40 години, на пример, започна „Нови вал“. Па контра-револуцијата на Косово (продолжетокот на немирите од 1968-ма), тоа беше прва година без Тито…

Во 1991 година се распадна Југославија, на простачки, uber-балкански начин. Во Битола се родија „Паркети“…
И повеќе ништо не беше исто…

– „2021 е многу значајна, со нова музика Паркети ќе одбележат 30 години на македонската музичка сцена!“ – стои на „ѕидот“ на фејсбук профилот на Сашо Паркет, највисок меѓу еднаквите…

Во тековната 2021-ва „Паркети“ фановите ќе ги израдуваат со „Treinta Putos Anos“, нов албум во чест на јубилејот -30 години постоење.

Најавата за новиот албум ја обзнани Сашо Паркет, со зборовите:

– Насловната на новиот албум кој се вика 30 f-king години, ама на шпански „Treinta Putos Anos“. И сеа, после 30 и плус години стана тешко да си музичар. Арно ама, не знаат дека нас, енивеј, тешко ни беше, па свиревме… Така да – исто ни се фаќа. Инаку – насловната за албумот е дело на мајсторот Филип Алексовски.

Новиот албум ќе го има на YouTube во комплет. Ќе има и CD, ако има свирки. За најголемите фанови би се отпечатил одреден број примероци…

Во самото финале на изминатава година „Паркети“ ги видовме во интересна музичка-видео епизода, насловена „Тарантино шпагети“.

И тогаш му се заблагодарија на Господ, кој се уште им дава ентузијазам за тоа што го прават…

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.