Новата книга на големиот македонски уметник, сликар и мислител Александар Ацо Станкоски – „Сонувачот е објавена деновиве во издание на „Ројал Арт Скопје“.

Станува збор за првата објавена монодрама на нашиот ценет уметник, на кој оваа форма на изразување воопшто не му е страна.

Сепак, ова е прво дело во форма на монодрама која е објавена со потпис на Станкоски.

– Станува збор за дело на кое работев последниве две-три години – изјави Станкоски за „Анторис, и дополни: Се работи за политичка фикција, чист футуризам, во која главната улога ја има Затвореникот, кој, обратно од молба за амнестија, бара од Претседателот да му ја продолжи казната, бидејќи по 25 години поминати во затворот, не знае што би правел со себе… Во неа се опишани политичките ситуации од сегашноста, од Македонија и од светот, отсликувајќи го односот кој ние го имаме на глобално ниво – потенцира Станкоски.

Насловната страница на „Сонувачот“ ја насликал Сашо Јовчевски, а во улога на издавачот, зад „Ројал Арт Скопје“ стои името на Сотир Костов.

Иако постоеа планови за промоција на монодрамата „Сонувачот“, пандемијата ги попречи и за сега е се на стендбај.

За ова дело на уметникот Ацо Станкоски, во форма на монодрама, постои интерес за поставување на сцената на некој од македонските театри.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.