„Адинг“ ланската планирана добивка ја натфрли за 251,3 отсто. Компанијата планирала добивка од 26.090.000 денари, а остварила 65.557.000 денари (добивка по оданочување). Ова се дел од настанатите значајни промени во финансискиот резултат за 2020 година во ДС „Адинг“ што се објавени во образложението доставено до Македонска берза.

„Адинг“ ланската планирана добивка ја натфрли за 251,3 отсто

Анализа на приходите и расходите

ДС „Адинг“ лани оствари вкупен приход во износ од 485.304.000 денари. Овој приход е поголем од претходната година за 51.693.000 денари. Односно претставува згоелмување од 11,9 отсто. Во структурата на приходите најголем удел  (99 отсто) имаат приходите од продажба. Односно нивниот износ е заокружен на 480.676.000денари од кои 85,7 отсто се приходи од домашен пазар. А, 14,3 отсто од приходите се  од продажба од странски пазар.

Лани остварени се вкупни расходи од 412.470.000 денари, што претставува зголемување во однос на 2019 за 16.555.000 денари, односно за 4,1 отсто.

Збирно во 2020 година остварен е позитивен финансиски резултат, односно добивката пред оданочување изнесува 72. 018.000 денари. Таа е поголема за 70 проценти во однос на 2019 година, кога изнесуваше 42.385.000 денари.

 Останати значајни финансиски податоци

„Адинг“ во текот на 2020 година исплати 7.039.000 денари за дивиденда.

Во периодот на намалена градежна активност во земјата, здравствената криза, нереализираните капитални инвестиции од државата и присутниот проблем со ликвидноста кај компаниите, сите фирми на ДС „Адинг“ редовно ги подмируваа обврските кон вработените, компаниите, акционерите, финансиските институции и државата. Лани кредитната задолженост е зголемена  за 7.424.000 денари. Капиталните инвестиции се во износ од 27.905.000 денари.

Залихите на готови производи се намалени за 816.000 денари.

Добивката пред оданочување е во износ од 72.018.000 денари и е за 248 отсто поголема во однос на планираната добивка од 29.037.000 денари.

Добивката по оданочување изнесува  65.557.000 денари и претсатвува зголемување за 251,3 отсто во однос на планираната добивка од 26.090.000 денари.

 Трошоци за спроведување на мерките за заштита

-Поради спроведување на мерките за заштита и спречување на ширење на заразата од ковид 19, компанијата имаше дополнителни, непланирани трошоци. Лани само по основ на превентивно тестирање на вработените направени се трошоци од 311.000 денари. Исто така за обезбедување на средства за лична заштита и средства за лична хигена за вработените потрошени се непланирани 1.098.000 денари. Непланиран трошок од 1.561.000 денари компанијата исплати бруто плата на врботените кои беа дома.

Карактеристично е и тоа што нашите фирми не користеа парична помош од државата, со исклучок на фирмата во Србија. Целиот терет од трошоци поврзани со пандемијата фирмите од нашиот деловен систем  ги обезбедија од сопствени извори.

И не само што ги покривме сопствените трошоци, туку и дониравме на Министерството за одбрана во објектот мобилна болница комплетна хидроизолациона заштита во вредност од 803.000 денари.“

Очекувања

И покрај специфичната состојба во изминатата година, која ги погоди регионите каде што сме присутни  Македонија, Србија, Бугарија, БиХ, Црна Гора, Косово, Уганда и Албанија, сепак успеавме 2020 да ја завршиме со одлични резултати, далеку над предвидените. Меѓутоа има голема загриженост за следанта година.

Наглото зголемување на цените на нашите клучни репро материјали, најавата од добавувачите дека на подолг рок не можат да ги гарантираат цените, неможноста да се предвидат и утврдат последиците од епидемијата која не стивнува, влеваат несигурност и неизвесност за периодот што доаѓа. Можноста од нова економска криза е на повидок, што сигурно ќе се одрази на нашето работење.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.