Конкурсот е завршен
Administrator

АДМИНИСТРАТОР

Локација: Град Скопје, Центар

Датум објављивања: 18.01.2021

Рок: 30.01.2021

 

Приватната агенција за вработување АНТОРИС за своите потреби објавува оглас за 1 (еден) извршител.

Потребни квалификации:

  • Најмалку завршено средно образование
  • Претходното работно искуство од најмалку 2 години на иста или слична позиција
  • Задолжително познавање на MC Office програмот
  • Познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола Б категорија
    *Кандидатите кои имаат претходно искуство во сметководство ќе имаат предност

Одговорности и работни задачи:

 Извршување на сите административни активности поврзани со вработувањето на работниците (пријава/одјава, изработка на генерални договори, склучување на договори за вработување, водење на деловодник, изработка на разни потврди, решенија, уверенија, изјави за работникот, обработка на патни налози, пресметка на боледувања и сл.)
 Пресметка на плати, плаќање на налози, водење евиденција во HR програмот
 Извршување на сите административни активности поврзани со соработката со клиентите.
 Контрола, евиденција и следење на текот на документацијата на агенцијата и кон клиентите, институциите на системот и другите правни субјекти.
 Водење на архивското работење, заверка на документи и подготовка на документи за испраќање.
 Следење на сите објави на тендери кои се однесуваат на услугите на Анторис во целост( навремено подготвување на тендерската документација, навремено поставување прашања во зададениот рок, учество на електронски аукции, база-историјат на веќе поминати тендери,активно пополнување на бази на контакти на клиенти, испраќање на понуди).
 Познавање и континуирано следење на апликативната законска регулатива и превземање на активности со цел на усогласување на агенцијата со истите.
 Извршување и на други работни задачи по налог на претпоставеното лице, согласно квалификациите на вработениот и потребите на работното место.

Вештини и способности

 Висок степен на лична организираност
 Способност за менаџирање со време и одредување на приоритети
 Способност за индивидуална и тимска работа
 Висока флексибилност и адаптибилност

Работната позиција е за територијата на град Скопје.

Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју.
Сите останати биографии ќе се чуваат со максимална доверливост.

Kратка биографија (CV) со наведување на позицијата за која аплицираат и скорешна фотографија, најдоцна до 31.01.2021 год.

Приватна агенција за вработување АНТОРИС Скопје