Акциите на Комерцијлна банка најтргувани во јануари, а акцијата на „Тиквеш“ забележа најголем раст на македонскиот пазар на капитал.

 

Акциите на Комерцијлна банка најтргувани во јануари

Според билтенот на Македонскта берза за првиот месец од годинава вкупниот промет достигнал 514.116.512 денари. Сума којашто претставува зголемување за 3,46 отсто во однос на декември 2020 и за 3,11 отсто во однос на јануари минатата година.

Класичното тргување во јануари годинава изнесува 393.336.688 денари и е намалено во однос на претходниот месец за 1,82 отсто. Инаку, во декември  2020 во класичното тргување  е остварен промет од 400.619.219 денари.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 392.970.374 денари и обврзници во вредност од 366.314 денари.

Зголемување за 25,41 отсто во однос на декември бележат и блок трансакциите за јануари. Постигната е сума од 120.779.825 денари.

Вкупниот промет во јануари е реализиран преку 1.514 трансакции. Тоа претставува зголемување за 5,36 отсто во однос на декември кога изнесувал 1.437 трансакции.

Најтргувани акции

Најтргувани акции на официјалниот пазар за јануари се акциите на  Комерцијална банка Скопје. Истргувани се 22.746 акции преку 574 трансакции , по просечна цена од 7.620,71 денар. Со нив е реализиран промет од 2.800.110 евра што претставува 44 отсто од

На второ место на најтргувани хартии од вредност се акциите на НЛБ Банка Скопје. Преку 207 трансакции истргувани се 3.871 акција по просечна цена од 18.713,84 денари по акција. Реализиран е промет од 1.158.751 евра. Сума кој а зафаќа 18,22 отсто од вкупниот промет.

Трети најтргувани се акциите на Алкалоид Скопје.Истргувани се 4 023 акции преку 237 трансакции. Со нив е остварен промет од 896.990 евра, што е 14, 11 проценти од вкупниот јануарски берзански промет.

Во десетката на најтргувани акции се вбројуваат и акциите на Макпетрол со 126 трансакции и Гранит со 123.

Останатите пет од оваа десетка се акциите на Стопанска банка Скопје, Стопанска банка Битола, УНИ Банка Скопј, Фершпед и ТТК Банка. Заедно сите овие најтргувани

Акции реализирале промет од 6.357.768 евра преку 1499 трансакции.

„Тиквеш“ со најголем раст

Според јануарскиот билтен најголем пораст имаат акциите на ВВ Тиквеш Кавадарци со раст од 11,09 отсто.  Потоа следат акциите на Макошпед Скопје со раст од 9,95 отсто. Македонијатурист Скопје со раст од 7,99 отсто.Акцијата на Гранит Скопје забележа раст од 7,98  проценти. Додека најтргуваната или најатрактивната акција за инвеститорите Комерцијална банка Скопје забележа  раст од 6,82 проценти.

Најголем пад за месец јануари забележа акцијата ан „Карпош“ Скопје со пад од 21,35 проценти. Потоа следат акциите со пад под 10 отсто на „Макстил“ Скопје, „Хотели Метропол“ Охрид, ЗК „Пелагонија“ Битола и „Тетекс„ Тетово.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.