„Алфа Плам“ – бренд за грејни тела за домаќинство, синоним за автоматизирано еколошко греење пред се кога говориме за печки на пелети  (продолжение на текстот „Пелетите се исплатлив топлински енергенс)                                            

За добро согорување на пелетите секао треба да се одбере добра печка, со сигурен софтвер, кој може да работи и на автоматски режим, но и да се програмира по желба.

  „Алфа Плам“ – бренд за грејни тела за домаќинство

Печките и котлите на пелети се производ на технологијата која се усовршува повеќе од 30 години. Денешните камини и котли на пелети поседуваат карактеристики што ги прават неверојатно лесни и едноставни за употреба. Нивното целосно автоматизирано работење и високиот степен на полезно дејство ги прават најконкурентен „уред“ на пазарот. Се што треба да направи корисникот е да ја подеси собната температура и потоа каминот самостојно се регулира. Чистењето е брзо и едноставно и се прави еднаш на 2-3 дена.

„Алфа Плам“, синоним за автоматизирано еколошко греење

Грејните тела на пелет на „Алфа Плам“ претставуваат синоним за автоматизирано еколошко греење со голема енергетска ефикасност и премиум квалитет. Фабриката „Алфа Плам“ од Србија има традиција во производство на шпорети, камини и печки на дрва од над 70 години. Перманентен развој и инвестиции во напредна технологија, примена на современите стандарди во производство, посебно во пелетниот програм. Програма што им овозможува извоз во над 40 земји од светот. Производна програма што „Алфа Плам“ цврсто ја позиционираа на пиедесталот на петте најдобри производители на грејни тела во Европа последните 10 години.
Придобивките од греењето  на пелет се чувствуваат во автоматизирана регулација на температура, палење и гасенење, помала количина пепел, едноставноста во складирањето и ложењето на пелотот. Потоа, ниската емисија на штетни гасови со исполнување на најстрогите еколошки стандарди, високата енергетска ефикасност од над 90 отсто, што значи заштеда, се само дел од придобивките на грејните тела на пелети.

„Кога сето тоа ќе се дополни со широкиот асортиман на изведба на камини и мултифунционални шпорети со и без можност за парно греење, котлите со различна моќ ја прават палетата на производи на „Алфа Плам“ прилагодлива и за најприбирливите купувачи на овие печки. Сервисната поддршка, за нашето представништво во Македонија не значеше само предизвик за навремена услуга, туку обврска за адекватана едукација на потрошувачите за правилно користење и долготрајно одржување на печките на пелет. Сето ова носи чувството на  задоволство и сигурност во производите на „Алфа Плам“ на самите корисници. А нам, одговорните во представништвото, огромна привилегија и гордост да се индентификуваме со овој синоним за најквалитетен бренд во сегментот на грејни тела за домаќинство“, вели, за Анторис, Лазар Лазаревски, генерален менаџер.

Купувањето на на печки на пелети- субвенционирано

Инвестицијата брзо се враќа со заштеда во огревниот енергенс – пелетитие. Освен тоа, политиката на државата им оди во прилог на тие што сакаат да го сменат начинот на греење. Неколку години по ред Градот Скопје и државата го субвенционираат купувањето на печки на пелети.

И за оваа година буџетот, со Програмата за енергетска ефикасност, предвидува средствата од дел I на оваа програма во вкупен износ од 52.000.000,00 денари за следниве мерки:

  1. надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 30%, но не повеќе од 10.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 6.000.000 денари;
  2. надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 70%, но не повеќе од 15.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 2.000.000 денари за лица со ниски примања;
  3. надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 50%, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 19.000.000 денари;
  4. надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 70%, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 3.000.000 денари за категоријата на лица со ниски примања;
  5. надоместување на дел од трошоците за купување и вградување печки на пелети во домаќинствата до 50%, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 11.000.000 денари;
  6. надоместување на дел од трошоците за купување печки на пелети во домаќинствата до 70%, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 3.000.000 денари за категоријата на лица со ниски примања;
  7. надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски панели за производство на електрична енергија до 4 kW за сопствена потрошувачка за домаќинствата, на градба на која има право на сопственост или користење, до 30%, но не повеќе од 62.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 8.000.000 денари.

Корисници на оваа програма во категоријата на лица со ниски примања се:

а) лицата со ниски примања кои се вработени или едниот брачен другар да е вработен и нивните месечни примања во семејството да не го надминуваат нето приходот од 30.000,00 денари.

б) лицата со ниски примања кои се пензионери или едниот брачен другар да е пензионер и нивните месечни примања во семејството да не го надминуваат нето приходот од 20.000,00 денари;

в) ранливи потрошувачи како што се дефинирани во Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2021 година.

Надоместокот на дел од средствата од дел II од оваа програма ќе го остварат лицата кои досега не користеле средства од државниот буџет.

 

Со следење на информациите за термините и за роковите на субвенционирање, граѓаните можат да си ја олеснат потребата од менување на стариот со нов начин на греење.  Така ќе придонесат во намалување на загадувањето на воздухот и намалувањето на бројот на заболени од оваа опасна појава која ни виси над глава речиси секој ден.

 

 

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.