Apple е повторно највредeн светски бренд, го презеде тронот од Amazon. Американскиот технолошки гигант е прогласен за највреден бренд во светот на Brеnd Fajnens Global 500 за 2021 година. Ова се случува пет години по губењето на титулата, со што компанијата за е-трговија „Amazon“ се тргна од првото место.

Според новото рангирање, објавено на веб-страницата на Brend Fajnens, вредноста на брендот Apple се зголеми за 87,4 проценти. Сега Apple тежи 263,4 милијарди долари. Додека вредноста на второ рангираниот бренд „Амазон“ се зголеми за 15,1 проценти, и изнесува 254,1 милијарди долари.

 

Од првите 10 светски брендови-седум се од САД

Меѓу првите 10 највредни брендови, дури седум се од САД, два од Кина и еден е од Јужна Кореја.

На трето место од највредните светски брендови е Google. Неговата вредност е проценета на 191,2 милијарди долари. Четврто рангиран е Microsoft (140,4 милијарди), а петти е јужнокорејски Samsung (102,6 милијарди долари).

Потоа следуваат американскиот трговски ланец „Волмарт“, чија марка вреди приближно 93,2 милијарди долари. Фејсбук со износ од 81,4 милијарди. На осмата позиција е кинеската ICBC банка (72,8 милијарди.  Листата со првите десет ги комплетира телекомуникациската компанија „ Verajzon “ од САД (68,9 милијарди долари) и кинеската социјална мрежа „ ViČet “ (67,9 милијарди долари).

Брендот „Тесла“ со раст на вредноста од 158 отсто

Според ова рангирање новите технологии се двигател на зголемувањето на вредноста на брендот во различни индустрии. Токму на ова поле, компанијата „Тесла“ остави зад себе многу традиционални брендови со скок на вредноста од дури 158 проценти, на 32 милијарди долари.

Брендовите за електронска трговија напредуваа и пред „новата нормалност“ предизвикана од глобалната пандемија. Така кинеската технолошка групација „Алибаба“ ја удвои вредноста на брендот, со раст од 108,1 процент на 39,2 милијарди долари.

Apple е повторно највредeн светски бренд, го презеде тронот од Amazon

Американската ТВ мрежа CBS со најголем пад

Вредноста на брендовите во областа на традиционалните медиуми продолжува да опаѓа.  Најголем пад од 49 проценти забележа американската ТВ мрежа CBS. Од друга страна, мерките за затворање поради короната ја зголемуваат популарноста на стриминг услугите, се наведува во извештајот на Brend Fajnens.

Заради пандемијата, меѓу 10-те брендови со најбрз пад на вредноста, дури шест се од авио и воздухопловниот сектор.  А, поради мерките за ограничување на патувањата и затворањето на угостителските објекти, тонат и брендовите од туризмот и угостителството.

Хотелите Meriot и туристичката платформа Airbnb отпаднаа од рангирањето. Додека Starbaks, MekDonalds i KFC забележаа пад на вредноста на брендот.

Интересно е да се напомене дека ViČet го надмина Ферари според јачината на брендот, со 95,4 поени од можни 100 и рејтинг ААА +, се вели во извештајот.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.