„Аптера“- соларно електрично возило на три тркала е во фокус на многу љубители на електричните автомобили. Компанијата Aptera Motors се подготвува за првото масовно производство на соларен автомобил до крајот на годината.

„Аптера“- соларно електрично возило на три тркала

Автомобилот се смета за ултра-аеродинамично електрично возило и се движи на три тркала.

Покриено е со 34 квадратни метри соларни ќелии, што може да обезбеди четириесет километри возење „под ведро небо“ дневно.

Четири пати поефикасен од просечното електрично возило

Креаторите на „Аптера“, Крис Ентони и Стив Фамбро, велат дека автомобилот е четири пати поефикасен од просечното електрично возило и 13 пати поефикасен од камион што користи класично гориво.

Дизајнот на возилото вклучува и кривини кои помагаат да се намали влечењето додека се вози.

Екстремно лесните јаглеродни композити и стаклени влакна ја формираат рамката на автомобилот, што може делумно да се создаде со 3-де печатач.

Автомобилот може да достигне брзина од 100 километри на час за само 3,5 секунди, а максималната брзина што може да ја достигне е 180 километри на час.

За секојдневна употреба, не е потребно полнење на автомобилот, што го прави првото вакво возило на пазарот. Возилото е опремено со пакет батерии.

Продадени првите 330 автомобили

Првите нарачки од 4. декември 2020 сведочат дека веќе има пазар за вакви возила.

„Аптера“ ги продаде првите 330 автомобили во рок од 24 часа, а оттогаш се пријавиле скоро 7.500 луѓе кои сакаат да уплатат  депозит.

Компанијата има поддршка и од големи инвеститори, истовремено продолжувајќи да го зголемува производството.

Американската компанија „Аптера“ започна да работи во 2006 година со идеја за производство на супер-ефикасни електрични автомобили со три тркала, а првиот прототип тие го претставија во 2008 година, во време кога компанијата „Тесла“ сè уште работеше на својот „ родстер “.

Главната карактеристика на презентираната „аптера 3“ е ефикасноста. Возило со три тркала кое е толку лесно и има коефициент на влечење од само 0,13 Cd, ќе може да помине 1.600 километри без полнење.

Со таков вид на ефикасност, може да постигне опсег од 400 километри со поевтин пакет батерии ако го купите основниот модел за 25.900 долари. Корисниците исто така можат да изберат пакети на батерии до максимум, што ќе ги чини 44.900 долари и со кои ќе можат да поминат 1.600 километри.

Во „Аптера“ се одлучија за многу намален дизајн на ентериер

„Аптера“ нуди и избор на систем за погон на предни тркала или сите три и моќност од 100 до 150 киловати. Внатрешноста е минималистичка и потсетува на „Тесла“ Моделот 3 и моделот Y. Има дури и сличен екран и кориснички интерфејс.

Друга интересна карактеристика на возилото е тоа што има делумно соларно напојување. Со инсталирање на соларни панели на покривот, може да се додадат нови 64 километри опсег за време на сончевите денови. А, панелите може да се додадат и на предната хауба или на задниот дел од возилото. Така се додаваат уште 38,8 километри.

Заинтересираните купувачи можат да аплицираат со уплата од 100 долари и со тоа да го „фатат“ нивниот иден автомобил.  А, кој според ветувањата треба да биде испорачан следната година.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.