Американската пејачка Аријана Гранде е позната по тоа што честопати урива рекорди на популарност во музиката, а неодамна го собори и 20-от Гинисов рекорд.

Гинисовата книга на рекорди објави дека Аријана Гранде има најголем број песни кои дебитирале на врвот на листата на „Билбордовиот Хот 100“, поточно, пет синглови од популарната пејачка се најдоа на врвот на листата.

Официјалната веб-страница на Гинисовата книга на рекорди вели дека е за пофалба што Аријана Гранде е моментално единствениот уметник кој постигнал ваков успех во историјата.

Најважните гинисови рекорди на Аријана Гранде се:

Најслушаната песна на „Спотифај“, најмногу следбеници на „Спотифај“, прва соло песна што завзема три позиции на американските топ листи, најмногу претплатници на каналот „Јутјуб“, најуспешен поп албум во САД на неделно ниво, најмногу номинации за MTV…

Новиот албум „Positions“, шести по ред, излезе на 30 октомври 2020 година, како и синглот „Positions“, а во периодот од објавувањето до 7 ноември стаса до првото место на „Billboard Hot 100“.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.