Со првите денови на пролетта Славчо Петров, голем вљубеник во уметноста и уметнички ентузијаст, ќе ја реализира својата 4-та изложба на серијалот цртежи, од областа на урбан скеч, како што Американците ја нарекуваат неговата визија на постер-стрип култура.

И овој пат, како и во изминативе три изложби, неговата тематика е сообраќај, превозните средства, природа, урбана средина…

Со постер-културата Славчо се занимава многу години. Ја памети 1985-та, кога, како ученик, доби награда од ЈНА. Од тогаш е фасциниран со автомобилите кои се движат, и вели дека во такво нивно претставување на цртеж, тие личат како да се живи.

Изложбата која ја најавува Петров ќе се случи во Ѓорче Петров, каде, и тоа како и е познат на публиката.

Зборувајќи за својата работа вели дека неговите цртежи стасаа до Америка, а тамошните реакции се извонредни.

– Особено се интересни мотивите, од живеењето на ју-постори во 60-те, 70-те-, 80-те…, кои им се допаднаа на Американците. На нив се „југовци“, „стокецови“, и останати автомобили типични за нашето поднебје – вели во изјавата за „Анторис“.

Во плановите за иднина, освен изложбата е и објавување крим-стрип, за што постојат сериозни планови, бидејќи ова хоби – цртање, е голема љубов на Славчо Петров.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.