Банките и биткоинот- во војна или дигитална иднина? Минатата недела,  Morgan Stanley  стана првата голема банка што им понуди на своите богати клиенти да инвестираат дел од своите средства во Биткоин. Но поставија ограничувања за инвеститорите со „агресивна толеранција на ризик“, објави CNBC.

Банките и биткоинот- во војна или дигитална иднина?

Американските банки сакаат да заработуваат на Биткоин

Инвестициската банка, која управува со имотот на клиентите вредна четири трилиони долари, минатата недела со интерен меморандум им најавила на своите финансиски советници  дека ќе иницира пристап до средства што овозможуваат сопственост на биткоини. Оваа одлука, која сега веќе претставува значаен чекор за прифаќање на Биткоин како категорија на инвестиции, ја донесе Morgan Stanley откако клиентите побараа изложеност во оваа крипто валута.

Банката, Морган Стенли смета дека овој вид на тргување е погоден за клиенти со „агресивна толеранција на ризик“ кои поседуваат најмалку два милиони американски долари во средства.

Силниот пораст на цената на Биткоин во текот на изминатата година ги стави фирмите на Волстрит под притисок да размислат дали да вклучат нова класа на средства. Goldman Sachs исто така размислува за воведување на овие средства, поради зголемената побарувачка на своите клиенти.

Оваа  Групација во моментов „истражува како може да одговори на зголемената побарувачка на клиентите за сопственост и инвестиции на биткоин,  а и понатаму да  остане на исправната страна на регулаторните услови“, изјави  минатата недела претседателот на Банката и главен оперативен директор Џон  Валдрон.

Оваа моќна банкарска група неодамна повторно го стратуваше својот Оддел за трговија со криптовалути. Од  плановите за него се откажа кога се распадна пазарот на крипто-валути во 2018 година.  Овој месец започна да се продаваат фјучерси на биткоин и фјучерси што не се испорачуваат за клиенти. Голдман исто така ја истражува можноста за лансирање на Трговски фонд за биткоин и поднесе барање за информации за истражување на чувањето на дигиталните средства.

Размислувања на европските банки

– Биткоинот сега е „премногу голем и важен за да се игнорира“, велат аналитичарите на Deutsche Bank.

Deutsche Bank Research, отсек  на глобалниот банкарски гигант за финансиски истражувања, објави извештај посветен исклучиво на Биткоин. Во студија од 18 страници ги опишува основните карактеристики на Биткоин и ги анализира клучните двигатели на историскиот раст на цените.

Аналитичарите на Дојче банка сугерираат дека цената на биткоинот „може да продолжи да расте“ се додека менаџерите за инвестиции продолжат да ја зголемуваат побарувачката. Банката истакна дека централните банки и владите сега „разбираат дека Биткоинот и другите крипто-валути се тука за да останат“ . Поради тоа се очекува да започнат со нивно регулирање до крајот на 2021 година.

И покрај повисоките цени, растот на Биткоин како класа на средства може да биде попречен од неговата „сè уште ограничена размена и (не) употребливост“, предупреди Deutsche Bank Research.
„Вистинското прашање е дали само зголемувањето на цените може да биде доволна причина биткоинот да се претвори во класа на имот или неговата неликвидност е пречка“, велат аналитичарите.

Биткоинот се очекува да „остане ултраволарен“ на краток рок, сметаат аналитичарите на Дојче банка. Тие предвидуваат пресвртница за Биткоин во следните „две или три години“ кога може да се очекува консензус за неговата иднина.

ЈП „Морган“ креира дериват заснован на Биткоин

Банките и биткоинот- во војна или дигитална иднина? Информацијата што сигурно ќе им даде нов ветер на задната страна на љубителите на крипто-валутата е онаа што ја објави JP Morgan минатата недела. Имено, една од најреномираните инвестициски банки лансира производ (ETF-Exchange traded fund) преку кој инвеститорите ќе имаат можност да инвестираат во единаесет акции на компании фокусирани на биткоин.

Според објавата на SEC (Комисија за хартии од вредност на САД), новиот производ наречен  „JP Morgan’s Cryptocurrency Exposure Basket “ е инструмент кој содржи „нееднакво пондериран“ индекс за референтни акции на компании кои или поседуваат или тргуваат со криптовалути.

Овој должнички инструмент на JP Morgan, доспева на 5. мај 2022 година и ќе чини најмалку 1.000 американски долари. На  инвеститорите ќе им наплати одбиток по основ на надоместок за управување од  1,5 отсто. Производот е структуриран така што на доспевањето за отприлика една година може да имате добивка или загуба намалена за надоместокот.

Најзначајно учество во овој инструмент со 20 отсто има  MicroStrategy  и 18 отсто Square – две компании кои претходно ги пријавиле своите инвестиции во биткоин.

Компанијата Riot Blockchain Inc. за рударење на криптовалути и производителот на чипови за рударење на криптовалути NVIDIA исто така добија значителен удел  од по 15 отсто.  Овие акции заедно сочинуваат околу 68 отстп од корпата, посочи банката во проспектот.

Другите акции во портфолиото  вклучуваат Paypal Holdings Inc-10 отсто и Advanced Micro Devices Inc-пет отсто. Интересно, Tesla Inc., која поседува биткоини во вредност од  над 1,5 милијарди долари, не е на списокот на JP Morgan.

Банките и биткоинот- во војна или дигитална иднина?

Криптовалути на официјална берза или преку криптоброкер?

На крипто пазарот во зародиш, сè уште има голем број проблеми при купување на овие средства преку крипто-брокери, кои времето и технологијата допрва треба да ги решат. Меѓуто, веќе постојат голем број на инструменти што можете да ги купите преку вашиот редовен брокер или банка што значително заштедува време за поставување крипто-паричник. А,  исто така се елиминира ризикот од хакерство, пренесување на средства на погрешна адреса или губење приватни шифри.

Производите со кои се тргува на берза (ETPExchange Traded Products) се колатерализирани, бескаматни должнички хартии од вредност. Тие се дизајнирани да ги реплицираат резултатите од основните средства што ги содржат во себе. Постојат голем број ETP кои ја реплицираат работата на криптовалутите (Bitcoin, Ethereum, Ripple, Bitcoin Cash) или индекси на тие крипто-валути што ги следат. Пазарната цена на овие производи е приближно еднаква на пазарната вредност на основниот колатерал.

Некои ЕТП, со кои се тргува на берзите во Виена, Германија или Швајцарија ги креираше компанијата  21Shares. Сите видови, цени и информации на овие производи може да се видат на нивната веб-адреса или на веб-страницата на Виенската берза.

Реакции на Централните банки

Зголемениот интерес, но и растечката институционална основа, ја зголемија цената на најголемата крипто-валута во светот на нови метеорски максимум оваа година. Меѓутоа, технологијата на која се базира Биткоин ги разбуди и интересите на централните банки кои сакаат да коваат свои дигитални валути. Тоа на крајот, како што предупредуваат аналитичарите на Bank of America, ќе биде лоша вест за пазарот на постојните крипто-валути.

Се поголем  број на централни банки (дури 86 проценти според Банката за меѓународни порамнувања) активно го истражуваат развојот на сопствените дигитални валути на централните банки (т.н. CBDCCentral bank digital currency) во обид да ја „одбранат својата територија од криптовалутите“.

CBDC ефективно ја комбинираат ефикасноста на трансакциите со криптовалути со инструменти за заштита од обезбедување, обезбедени од централната банка. Иако би биле „многу радикални“, спроведувањето на нивните сопствени дигитални валути би им олеснило на владите да ги спроведат мерките за монетарна политика.

Ова не е добра вест за постојните крипто-валути како Bitcoin, забележуваат аналитичарите: CBDC кои ги промовираат владите веројатно ќе го истиснат „кешот“ на долг рок, но и други крипто-валути, неизбежно намалувајќи го интересот за нив. Особено, Банката на Америка посочува дека изразената нестабилност на цените на постојните крипто-валути ги прави непрактични да се сметаат за чувар на богатството или механизам за плаќање – за разлика од привлечноста на CBDC.

 

Европската централна банка на големо  зборува многу за дигиталното евро, повикувајќи се на намерата „ да ја заштити улогата на суверени пари во дигиталното време“, додека истовремено ги поткопува другите крипто-валути како „високо шпекулативни средства“.

Банките и биткоинот- во војна или дигитална иднина? Во белешка од февруари, аналитичарите на Macquarie Capital изјавија дека Федералните резерви на САД и Европската централна банка можат да воведат свои CBDC веќе следната година. Додека владите ќе  ја заострат регулативата  што ги обесхрабрува потрошувачите да прифаќаат други крипто-валути. А, ваквите потези според аналитичарите би можеле да доведат до паѓање на цените на постојните криптовалути под сегашните нивоа.

„Без оглед на технологијата што треба да се користи за дигиталното евро, неговата природа – фактот дека претставува непосредна обврска на централната банка – значително ја разликува од постојните крипто-валути“, вели  членот на одборот на ЕЦБ, Фабио Панета. „Криптовата валута е претежно нерегулирана, што претставува голем ризик за корисниците, а нивната цена е многу непостојана бидејќи им недостасува одредена вредност. Што значи дека со нив се тргува како со шпекулативна стока“, заклучи Панета.

Банката на Америка очекува ЕЦБ да одлучи да започне проект CBDC до средината на оваа година. Додека американскиот Фед се двоуми дали да започне со сопствен  токен.

„Ние внимателно ги разгледуваме сите опции за да видиме дали можеме да издадеме дигитален долар“, рече претседателот на ФЕД Jerome Powell  за време на сослушувањето пред Комитетот на Сенатот минатиот месец. „Не ни е битно да бидеме први,туку да направиме како што треба.“

Шпекулација, заштита на инфлацијата или механизам за плаќање?

Цените на Биткоинот се зголемија за повеќе од 2.000 проценти во 2017 година, бидејќи криптоброкерите пионерски помогнале да се олесни трговијата со криптовалути, но цените во следната година нагло потонаа за околу 80 проценти, кога земји како Индија, Јужна Кореја и Кина ја засилија регулацијата. Го стеснија просторот за криптовалути.

Bank of America, заклучува дека постои само една причина да се поседува Bitcoin: шпекулации поврзани со растот на неговата цена.

„Биткоинот се поврза со ризични средства, не е врзан за инфлацијата и останува крајно нестабилен, што го прави непрактичен како чувар на богатство или механизам за плаќање“, заклучи Франциско Бланч, стратег за стоки и деривати во банката. (Berze.me tim)

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.