Батерии за автомобил кои се полнат за пет минути. Овој вид на ултрабрзо полнечки батерии ги претстави израелската старт ап компанија StoreDot

Батерии за автомобил кои се полнат за пет минути

Електричните автомобили постигнаа огромен напредок во последните неколку години, претежно во капацитетот на батеријата што им овозможува да достигнат повеќе од 500 км со едно полнење. Полнењето на батерии е исто така подобрено, особено ако се користат специјални брзи полначи. Меѓутоа, времето за полнење на батериите на електронските станици е драстично подолго во однос на времето на полнење на бензинската пумпа.

Израелскиот стартап StoreDot се занимава токму со оваа пробелматика- времетрање на полнењето на батериите. Од овој старт ап веруваат дека наскоро ќе го решат ова со нов вид батерии кои можат да се полнат за само пет минути. Тие веќе започнаа да доставуваат инженерски копии до заинтересираните технолошки партнери.

Прототипните батерии кои за StoreDot ги произведува кинеската компанија EVE Energy се разликуваат од традиционалните батерии затоа што во анодата имаат металоидни наночестички наместо графит. Тоа, според StoreDot, е „клучен чекор за надминување на големите проблеми со сигурноста и рокот на траење на батеријата“. Во иднина, StoreDot планира да користи силициум (наместо германиум) за овие наночестички, што треба да ги направи батериите значително поевтини, како што е објаснето во ова видео.

“Ова означува важна пресвртница, премин од иновации во лабораторија кон комерцијално остварлив производ што може да се користи за масовно производство, “ вели  др. Doron Myersdorf, извршен директор на StоrеDot.  Меѓутоа, како што тој објаснува ќе треба да се почека, да се види како ќе се развива пазарот затоа што за нив се потребни моќни полначи. Од компанијата веруваат дека до 2025 година со постојната инфраструктура за батерии ќе се овозможи досег од 160 км после само пет минути полнење.

Во StoreDot инвестираат Daimler, BP, TDK и Samsung.(vidi.hr)

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.