Белград – второто седиште на НЛБ Групацијата. Нова Љубjанска банка ќе формира групен центар за компетенции во Белград за развој на заеднички ИТ платформи за сите банки во рамките на групата надвор од Словенија. На тој начин ќе го направи Белград второто седиште на групацијата НЛБ.
Ова во интервју за Блиц го соопшти Блаж Бродњак, претседател на Управниот одбор на словенечката НЛБ.

Белград -второто седиште на НЛБ Групацијата

Бродњак ги посочи очекувањата дека интеграцијата на банките по преземањето на Комерцијална банка во Србија ќе заврши во рок од 18 месеци.

Групен центар на заеднички ИТ платформи

Тој исто така рече дека тоа ќе биде „период кога ќе се знае многу“ во однос на рационализација на бизнисот и бројот на вработени.
– Точната бројка за тоа колкумина од нас ќе бидат во банката по пет години, не можам да дадам. Моментно правиме повеќе анализи, но сè ќе биде фер и транспарентно. Исто така би сакал да нагласам дека на другата страна се отвораат големи можности во кои Србија има предност затоа што брзо разбра што носат новите времиња. Овде Комерцијална банка ќе биде нов центар за квалитетни работни места. Таленти кои имаат мотивација и ќе работат напорно, ќе имаат можност да ги развиваат своите кариери. И не само во Србија, туку и во соседните земји.

Бидејќи во Белград формираме групен центар за компетенции за развој на заеднички ИТ платформи за сите наши банки надвор од Словенија. Тоа на некој начин го прави Белград второто седиште на НЛБ групацијата, посочи Бродњак.

Бројот на вработени ќе се преполови

Тој рече дека генерално, дигитализацијата во банкарството е глобален тренд, па затоа и бројот на вработени опаѓа.
– Ние во НЛБ банка пред десет години имавме 4.200 вработени. А, во следните неколку години претежно со благи заминувања ќе имаме 2.100. Тоа значи дека ќе го намалиме бројот на вработени за половина. Но, тоа е пред се последица на подобрувањето на технологиите и очекувањата на клиентите кои се помалку ги посетуваат експозитурите. Затоа овие работни места ги има се помлку. Додека  потребата за персонал со ИТ вештини и компетенции од друга страна значително се зголемува, истакна Бродњак.

Бесплатно подигање готовина на банкоматите на НЛБ во сите земји

Новина за клиентите на НЛБ Групацијата е бесплатна услуга за подигање готовина на банкомати во сите земји каде што се присутни. Ова конкретно значи дека клиентите од Србија можат бесплатно да подигаат пари на банкоматите на НЛБ во Љубjана, Бања Лука, Подгорица, Скопје.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.