Безжичен пренос на електрична енергија веќе не е само сон на еден визионер. Сонот на Никола Тесла за безжичен пренос на електрична енергија може да заживее ако новозеландската компанија „Емрод“ успее да го финализира развојот на својот систем за дистрибуција на електрична енергија.

Безжичен пренос на електрична енергија веќе не е само сон на еден визионер

Опитот на Тесла- реалност

Да се навратие на историјата:  Во 1890 година, Никола Тесла предизвика тотално затемнување во градот Колорадо Спрингс со користење на теслиниот калем од 140- стопи. Прекинот на електричната енергија низ целиот град, не била негова цел. Тој сакал да ја напојува сијалицата што била оддалечена повеќе од две милји без да користи жици. И покрај големата вознемиреност и гнев кај жителите и  реакцијата од електраните, чие динамо изгорело, за експериментот се тврди дека бил успешен. Ова тврдење подоцна се покажало како дискутабилно.

Сега по 130 години подоцна, енергетскиот стартап наречен „Емрод“ сака да го оживее сонот на Тесла за безжичен пренос на електрична енергија.

Безжичен пренос на електрична енергија до секоја точка на земјата

Пристапот до електрична енергија во развиениот свет е нешто што се подразбира. Меѓутоа, дури и во земји како Соединетите држави, понекогаш има неверојатни недостатоци кои го парализираат целото општество. Овие денови таквата состојба ја следиме во Тексас.

Секако дека Американците ќе ја добијат својата електрична енергија назад. Но што е со сиромашните општества кои немаат доволно средства за изградба на инфраструктурата потребна за дистрибуција на електрична енергија?

Токму ним наскоро може да им помогне компанијата „Емрод“ со седиште во Нов Зеланд, која заедно со вториот по големина дистрибутер на електрична енергија во земјата, Powerco, работи на развој на безжичен пренос на електрична енергија. Овој примарен дистрибутер на електрична енергија во земјата, гради безжична инфраструктура за електрична енергија за која верува дека може поефикасно да испорачува енергија отколку традиционалните методи.

Исто како Wi-fi или Bluetooth, без зрачење

Двете компании неодамна објавија дека нивниот прототип постигнал охрабрувачки резултати. Односно дека голема количина електрична енергија успеала да стигне од една до друга точка, без кабел.

Проектот на „Емрод“ се базира на низа антени, релеи и примни уреди кои ги претвораат микробрановите во електрична енергија. Овие микробранови се наоѓаат во ист фреквентен спектар како, на пример, Wi-fi или Bluetooth зрачење, па затоа се безбедни за емитување.

Со други зборови, оваа компанија ги претвора електромагнетните бранови во електрична енергија и овозможува нејзино пренесување без жици. И тоа со значително пониски трошоци отколку кога станува збор за традиционалниот начин на дистрибуција на електрична енергија.

Нивната цел како што најавија, за почеток е да ги електрифицираат далечните или неразвиените делови на светот. Како што се на пример Пацифичките острови и некои делови на Африка. Но исто така може да им помогне на развиените општества да ги намалат нивните трошоци.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.