Најновиот роман на Билјана Црвенковска е книга на неделата во „Буква“! Во таа чест авторката ќе потпишува примероци од својата книга „Куќа над брановите“ на 19.02. (петок) од 17 до 19 часот и на 20.02. (сабота) од 12 до 14 часот.

Сите заинтересирани за книгата можат да нарачаат потпишан примерок и онлајн (со порака на нивната ФБ страница). Книгите ги испраќаме по карго во сите градови во Македонија.

„Дедо ми често тврдеше дека неговите приказни не се само зборови на хартија туку дека имаат и вкус и мирис и мелодија и форма. Потоа, кога ќе ми ги читаше, се трудев да ги замислам како изгледаат, како звучат, како мирисаат… и дали се слатки, солени, кисели, лути или горчливи. И одеднаш ќе ги видев пред себе, тие гротескни чеда на мојата незапирлива фантазија. Беа неверојатно смешни и непоимливо ужасни – истовремено! А штом еднаш ќе се појавеа, остануваа во куќава засекогаш: правеа ујдурми, крадеа чорапи, ги отвораа теглите во шпајзот, се пикаа по шкафовите, во ковчезите и под креветите, демнеа во сенките и ми ги запоседнуваа соништата…
И сега, по толку години, тие се тука, исто толку живи и нескротливи, исто толку стравотни, ни ден остарени, ни трошка изморени…“

Убава можност во овие асоцијални времиња да се дружиме и да уживаме во пишаниот збор на македонски јазик.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.