Книга за бендот што ја промени музичката историја: од музичките почетоци на членовите на првиот состав, преку повлекувањето на Сид Барет, до последното обединување на Вотерс, Гилмор, Мејсон и Рајт на „Лајв Ејт“ во 2005 година – конечно е објавена на македонски јазик.

Во издание на „Полица“ – „Пинк Флојд – Кога свињите ќе полетаат“ не е само за оние кои го сакаат овој вонвременски состав. Тоа е книга за сите на ки музиката им е се уште важна…

За што станува збор?

Произлегувајќи од андерграунд-културата на Кембриџ во Англија, наголемо опиена од халуциногените патувања со новата, во тоа време легална дрога, ЛСД, „Пинк Флојд“ за неколку години станува поп-бенд кој влегува длабоко во срцата на луѓето ширум светот. Нивното бунтување против образовниот систем, занимавањето со теми како стравот, алчноста, отуѓеноста, љубовта, сексот и смртта, кои никогаш не излегуваат од мода, ги прави актуелни и денес со истата моќ што ја имале за време на најголемата популарност со албумот „The Dark Side of the Moon“.

Звукот кој спојува поп-уметност и научна фантастика, нарекуван психоделичен и вселенски рок, надополнет со морничави навестувања и фанатични завивања, збунувачката мешавина полна со електронско експериментирање, сценските настапи кои биле вистински спектакли за сите сетила, во комбинација со текстовите на песните од кои имате чувство дека ви зборува директно вистината – се клучните работи кои ги прават Пинк Флојд да бидат тоа што и денес се: легендарен бенд што оставил трага во многу, многу животи.

Книгата на Марк Блејк, т.н. дефинитивна книга за Пинк Флојд веќе е достапна во поснабдените книжарници.


Кога „Кога свињите ќе полетаат“ е првата комплетна биографија за групата „Пинк Флојд“. Ова проширено издание на историјата на еден од најголемите рок-бендови на сите времиња е резултат на разговорите што авторот Марк Блејк ги водел со Дејвид Гилмор, Роџер Вотерс, Ричард Рајт и Ник Мејсон и интервјуата со други поранешни членови на бендот, продуценти, соученици, девојки, сценски техничари, цимери, менаџери, пријатели, непријатели и голем број други луѓе што имале увид во животот на членовите на групата и во нивната работа.

Комбинирајќи ги мислењата и сеќавањата на очевидците, оваа книга ја следи приказната на групата од нејзините корени во Кембриџ до нејзиниот глобален успех со „Dark Side of the Moon“ и нејзиниот горчлив распад во 80-тите години од минатиот век, од нивниот историски собир на Лајв 8 до смртта на основачот Сид Барет во 2006 година и сè што следувало потоа.

Прецизна, возбудлива и амбициозна како и секој нивни албум, Кога свињите ќе полетаат е прогласена за најкомплетна биографија на Пинк Флојд.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.